Регион
Минималната плата за 2025 година во Србија ќе биде 457 евра
Минималната плата за 2025 година во Србија ќе изнесува 53.592 динари, што е за 13,7 отсто повеќе од минималната за годинава, беше договорено на денешната седница на Социјално-економскиот совет (СЕС).
Премиерот Милош Вучевиќ најавувајќи го новиот износ на минималната плата рече дека ова е првпат по шест години оваа одлука да се носи со дијалог во СЕС, а не Владата на Србија да ја носи еднострано.
„Заработката првпат ја покрива минималната потрошувачка кошница“, посочи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Фото) Грчки нуркачи го чистеа морето кај Солун, пронајдоа „цел возен парк“
Тим од 20 нуркачи волонтери го чистеа брегот кај Солун и извлекоа неочекуван „улов“ од водата: цела флота возила, наведуваат на страницата Никана.гр.
„Дваесет нуркачи волонтери, со помош на други членови на тимот и механизација, го чистеа брегот кај Солун на потегот од Белата кула до првото пристаниште. Како што можете да видите на сликите, „фатен е“ цел арсенал на превозни средства“, скутери, велосипеди, па дури и помали мотори. Им честитаме на волонтерите и секако ги поддржуваме ваквите акции кои придонесуваат за почиста морска средина“, беше наведено заедно со фотографии од местото на настанот.
Многумина беа шокирани, на луѓето не им е јасно како и зошто сето ова се нашло на морското дно, а објавата брзо стана вирална како предупредување за околината.
Регион
Трагедија во Улцињ: се удави Украинец, жената и детето извлечени во последен момент
Во текот на денот се случила несреќа на црногорското приморје кога на плажата кај Улцињ се удави 36-годишниот Украинец О.Ј., објавија црногорските медиуми.
„Беше во морето со сопругата и синот, тој загина, а сопругата и детето беа спасени благодарение на Холанѓанецот кој ги извлече. Нивните животи не се во опасност“, потврдија од полицијата за РИНА.
Инаку, поради лошите временски услови од претходните денови, се апелира до граѓаните и туристите да внимаваат кога е во прашање капењето во море и возењето чамци.
Регион
(Видео) Снимен драматичниот момент од авионската несреќа во Бугарија: авионот веднаш се запали, две лица загинаа
Во воздухопловната база Граф Игнатиево во Бугарија денеска се случи катастрофа кога за време на изведување на многу тежок маневар на мала висина се урна воениот тренинг авион Аеро Л-39ЗА Албатрос, јавува бугарската државна телевизија.
Во несреќата загинаа двајца пилоти.
На социјалните мрежи почнаа да кружат видеа од авионската несреќа.