Регион
Момчето и девојката повредени при паѓањето на натстрешникот се во многу тешка состојба, медицинскиот тим секојдневно одлучува за понатамошното лекување
Осумнаесетти ден мултидисциплинарниот консултативен тим од лекари, медицински сестри и здравствени техничари на Универзитетскиот клинички центар во Војводина обезбедува комплексен интензивен третман со континуирано следење на виталните функции на двајцата пациенти што се примени со тешки политрауматски повреди добиени како последица на уривање на бетонската конструкција на 1 ноември 2024 година.
Како што соопштија од Клиничкиот центар на Војводина, младиот човек Ц. В. (18) и девојката М. Т. (24) се во многу тешка здравствена состојба.
Мултидисциплинарниот консултативен тим од лекари секојдневно донесува одлуки за понатамошно лекување, додаваат од таму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Момчето гледало како натстрешникот во Нови Сад паѓа врз Ања: семејството деноноќно беше во болница и се молеше да преживее
По 17 дена борба, во КЦ „Војводина“ почина 23-годишната Ања Радоњиќ од Параќин.
Ања е извлечена од урнатините по падот на нереконструираниот дел од натстрешникот во Нови Сад. Имала внатрешно крвавење, раката ѝ била ампутирана и била приклучена на дијализа. Семејството и нејзиното момче деноноќно биле во болница и се молеле за нејзино оздравување, пренесува српски „Информер“.
Нејзиното момче беше сведок на овој трагичен настан. Имено, двајцата разговарале на телефон додека таа излегувала од станицата во Нови Сад, а потоа на само неколку метри од него се случила трагедија.
„На сите им е тешко, а тој, како што рече, бил на неколку метри од неа. Ја чекаше да излезе од железничката станица. Во моментот кога се случила несреќата, кога паднал натстрешникот, разговарале на телефон… Тој гледал сè, секој момент“, изјави роднина на Ања.
Ања била студентка на Филолошкиот факултет во Белград, студирала кинески.
Семејството и пријателите се збогуваат со неа на социјалните мрежи.
Информацијата дека Ања Радоњиќ починала ја потврди в.д директор на Клиничкиот центар „Војводина“, Весна Туркулов.
„Се работи за пациент со најтешки повреди. Петнаесеттата жртва во несреќата што се случи во Нови Сад на 1 ноември. И покрај борбата и напорите на лекарите, дојде до смртен исход. Во името на сите вработени во КЦВ сакам уште еднаш да изразам најдлабоко сочувство до семејството и благодарност до лекарите кои дадоа сè од себе“, рече Туркулов.
Регион
Почина уште една од повредените жени при падот на Железничката станица во Нови Сад
Една од повредените жени при падот на настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад им подлегна на повредите, потврди за РТС директорката на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов.
– Со жалење мораме да соопштиме дека денеска, 17 дена по трагичниот настан на железничката станица, почина уште една жртва во несреќата што се случи во Нови Сад. Се работи за девојката која беше најтешко повредена. И покрај сите напори на лекарите од Клиничкиот и Универзитетскиот центар на Војводина, дојде до смртен исход – изјави Весна Туркулов.
Таа изрази сочувство до семејството на починатото девојка и изјави дека борбата за животите на преостанатите двајца преживеани продолжува. Сега веќе 15 лица загинаа при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.
Регион
Во Нови Сад пронајдено тело на обезглавена жена, уапсен e синот
Тело на обезглавена жена е пронајдено денеска во новосадската населба Телеп, пренесува Танјуг. Нешто пред 12 часот ќерката повикала полиција и рекла дека брат и ја нападнал нејзината мајка.
По пристигнувањето полицијата го пронашла синот со траги од крв на рацете и безглавото тело на мајката кое било далеку од телото. Убиената е родена 1947 година, додека осомниченит за убиството е роден 1977 година и имал психички проблеми.
На лице место се спроведува истрага, а присутен е и обвинител на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.
Од полициската управа во Нови Сад за Танјуг потврдиле дека се случило убиство и дека синот е уапсен, но повеќе детали не се откриваат.