Регион
Морето проголта делови од Албанија, тонат дури и бункерите на Енвер Хоџа отпорни на нуклеарен напад

Бункерите од комунистичката ера во Албанија беа изградени за да може да издржат нуклеарен напад, но никој не предвидуваше дека подоцна ќе бидат нападнати од морето.
Албанските брегови се најпогодени од ерозија во Европа, а експертите велат дека причините за тоа се климатските промени и неконтролираната урбанизација.
На сливот на реката Семан и на Јадранот, во централна Албанија, многу бункери изградени за време на владеењето на Енвер Хоџа во случај на американска, советска или кинеска инвазија веќе се потонати. Истата судбина ги снајде и полициската станица, спортското игралиште и нафтениот извор.
Локалните жители тврдат дека за само три децении Јадранското Море проголтало 800 метри крајбрежје во оваа област.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.