Регион
Мустафа: Не даваме ниту еден хектар во замена за визната либерализација

Косовскиот премиер Иса Мутафа изјави дека Косово нема да даде ниту еден хектар своја земја за да добие либерализација на визниот режим во ЕУ, пренесуваат косовските медиуми.
Мустафа за приштинскиот весник „Фјала“ нагласува дека демаркацијата на границата на Косово со Црна Гора ќе се реши брзо, но според него Косово нема да даде ниту еден хектар земја од својата територија.
„Никој нема право да ги држи граѓаните на Косово во заложништво бидејќи нив им следи либерализацијата со земјите на ЕУ“, вели Мустафа, додавајќи дека српскиот воз бил провокација на Белград за Косово и дека Косово докажало дека е „самостојна држава“./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Гори во Грција: издадена наредба за итна евакуација

Голем шумски пожар избувна денес во областа Каравадос на грчкиот остров Кефалонија, а издадена е наредба за евакуација на три области, јавуваат грчките медиуми.
Пожарот избувнал во земјоделска и шумска зона, а ангажирани биле 20 припадници на противпожарната служба со седум возила, како и членови на планинската спасувачка служба и волонтери, објави „Катимерини“.
„Доколку се наоѓате во областите Каравадос, Доризата и Керамис, засолнете се и упатете се во правец на Аргостоли. Следете ги упатствата на властите“, се наведува во известувањето на противпожарната служба.
Четири авиони и два хеликоптера исто така помагаат во гаснењето на пожарот, пишува грчкиот весник.
Фото: принтскрин
Регион
Плинска боца експлодира во стан на српски туристи во Грција, има повредени

Пет туристи од Србија се повредени денес во експлозија на плинска боца во изнајмена соба во Аспровалта, во регионот на Солун, од кои еден доби тешки изгореници, објавува Катимерини.
Несреќата се случила денес околу 15:30 часот под сè уште неразјаснети околности.
Најтешко повреден е 41-годишен маж, кој се здобил со изгореници, додека другите се здобиле со повреди од скршено стакло, објавува Катимерини, додека Прототема објавува дека маж со изгореници од прв и втор степен и жена со изгореници од прв степен се пренесени во свесна состојба во Општата болница во Солун.
Полицијата го уапси 86-годишниот сопственик на куќата, а надлежните органи ги истражуваат причините за несреќата.
Регион
Полицијата на Истра уапси Германец: снимал голи деца со рачен часовник

Истарската полиција приведе германски државјанин (31), кој е обвинет за експлоатација на деца за порнографија откога е откриено дека снима голи деца на плажа со рачен часовник со интегрирана камера.
Граѓаните ја известиле полицијата во вторникот околу 18 часот кога забележале дека мажот снима деца со рачен часовник. Полицијата ги претресла неговите простории, автомобилот и друга техничка опрема и пронашла инкриминирачки снимки. Еден ден подоцна тој бил предаден на притворската единица на Полициската управа на Истра со кривична пријава.
„Полицијата апелира до родителите да ги следат своите деца и да гледаат каде се и што прават на плажа. Облечете ги вашите деца во костими за капење, а доколку забележите сомнително лице што снима деца, веднаш известете ја полицијата на 192“, велат од полицијата додавајќи дека ваквите акции покажуваат дека јавноста е сè повеќе свесна за проблемот со снимањето деца и дека препознавањето на сомнителното однесување овозможува навремен одговор и апсење на сторителот“.
Фото: принтскрин