Регион
На експертот на Вучиќ му се заканува забрана за работа, го пријавиле неговите колеги

Против проф. д-р Бранимир Несторовиќ, член на српскиот Кризен центар за борба против коронавирусот, е поднесено барање до Комисијата за етика на Лекарската комора на Србија (ЛКС).
Во барањето се наведува дека Несторовиќ со своите јавни настапи како член на Кризниот штаб за сузбивање на епидемијата на Ковид-19 го оштетил угледот и ѝ нанел штета на лекарската професија, како и на здравјето воопшто.
Иницијатор за поднесување на барањето е д-р Ѓорѓе Алемпиевиќ, редовен професор по судска медицина на Медицинскиот факултет во Белград, а него го поддржаа уште шест колеги и еден пензиониран лекар, пишува српски „Телеграф“.
Етичкиот комитет на ЛКС ќе расправа за барањето на група членови да се осуди јавно познатиот професор и пулмонолог за изјавите што ги давал како член на Кризниот штаб. Таа јавна осуда во краен случај може да значи дека на професорот Несторовиќ може да му биде одземено правото на работа.
Во изјава за српски „Телеграф“ професорот Несторовиќ вели:
„Сега кога епидемијата помина и се покажа дека сум во право за сè, испаднав најнеетички лекар во Србија затоа што бев на прес-конференција со Вучиќ“.
Несторовиќ додава дека разни интереси се преклопуваат таму и дека има суета, но, пред сè, политика, и најавува дека потписниците на барањето испратено до ЛКС, ако навистина направат нешто, ќе ги тужи на редовен суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.