Регион
Убиени две жени во Загреб
Утрово, имало пукање во Загреб, во кое е убиена жена. Потоа во друг дел од градот било пронајдено тело на уште една жена.
Телото на жената е пронајдено на загрепска Трешњевца, соопшти полицијата. Истрагата е во тек, а полицијата наведува дека смртта на жената е последица на кривично дело.
Покрај тоа, рано утринава во пукотница е убиена една жена.
„Денеска, 5 април, околу 7.25 часот, во месноста Максимир, маж пукал со огнено оружје во стан, при што повредил член на семејството. Полициски службеници ја извлекле повредената жена од станот и ѝ била укажана лекарска помош. Осомничените се под полициски надзор“, соопштија од полицијата.
Како што подоцна беше соопштено од Јавното обвинителство на Загреб, жената починала во болница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес
Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.
Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.
Колку бил силен, сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.
„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.
Регион
Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија
Утрово земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Кладово, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, јавуваат српските медиуми.
Засега нема извештаи за евентуална штета.
Регион
Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка
Вишото јавно обвинителство во Заечар му предложило на судот продолжување на притворот на Срѓан Ј. и Дејан Д., осомничени за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ за уште 30 дена.
Осомничените се во притвор од 6 април поради ризик од бегство, можност за влијание врз сведоци и уништување или отстранување на трагите на делото, како и вознемирување на јавноста.
Во притвор е и таткото на Дејан Д. под сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.
Полицијата по 10-дневна потрага и детална проверка на сите трагови и информации, ги уапси С.Ј и Д.Д. за кои се сомнева дека девојчето го удриле со автомобил а пото нејзиното тело го ставиле во багажникот на колата и го однеле на депонија.
Телото на девојчето кое исчезна на 26 март во Бањско Поље кај Бор се уште не е пронајдено.