Регион
Осомничениот за убиството на Македонецот: се скарал со новиот сопруг на поранешната сопруга, па го удрил
Шеесет и едногодишниот Горан С. од Врачев Гај кај Бела Црква е приведен вчера поради сомнение дека го убил Македонецoт Бобан П., кој бил во љубовна врска со неговата поранешна сопруга.
Осомничениот пред многу години се развел од сопругата и таа останала да живее во Италија. Таа во последните шест-седум години била во емотивна врска со Бобан П., со кој и се омажила.
„На 8 август, во вечерните часови, екссопругата на Горан дошла кај нејзини пријатели во куќа што е спроти куќата на осомничениот. Горан С. видел италијански таблички на автомобилот во соседството, па излегол да се пресмета со поранешната сопруга“, вели сведок на трагедијата.
Според него, Горан бил груб со поранешната сопруга, почнал да ѝ вика и да ја навредува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вархеји: Добра средба со Вучиќ за спроведување на следните чекори, планот за раст во полн ек
Европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека имал добра средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел за да ги подготви следните чекори во време кога се започнуваат „амбициозните реформи засновани на реформската агенда на Србија“.
Вархеји на социјалната мрежа Х оцени дека новиот План за раст на Западен Балкан вреден шест милијарди евра е во полн ек.
„На маргините на состанокот на лидерите од Западен Балкан, имав добар состанок со претседателот Александар Вучиќ за да ги подготвам следните чекори додека започнуваме амбициозни реформи врз основа на реформската агенда на Србија. Новиот план за раст од 6 милијарди евра е веќе во полн ек. Повеќе реформи, повеќе поддршка!“, рече Вархеји.
Регион
Експлозија во Нови Сад: едно лице повредено
Едно лице е повредено денеска кога се случила експлозија во Нови Сад.
Дошло до експлозија на плинска боца.
Повредениот веднаш бил пренесен на Ургентниот центар, но за сега не се знае за сериозноста на повредите. Истрагата е во тек, а по задолжителниот увид, се очекува на самото место да излезат екипи на компанијата „Нови Сад гас“.
Регион
Три девојчиња претепале врсничка пред училиште во Панчево
На социјалните мрежи се појави снимка од тепачка што се случи синоќа во Панчево, а според првите информации, се работи за тинејџерки, инаку малолетни.
На видеото се гледа како три девојчиња ги тепаат своите врсници.
Околу нив има голем број луѓе, но никој не се обидува да ги спречи во насилството. Во еден момент претепаното девојче паѓа на бетонот, но трите врснички продолжуваат да ја удираат по главата по што некој од присутните ги раздвојува.
Од полициската управа во Панчево велат дека веднаш ги презеле сите дејства за идентификување на учесниците и утврдување на околностите, но дека самиот случај не бил пријавен во полиција од ниту еден од учесниците. Исто така, потенцираа дека по сознанијата за актерите на инцидентот, ќе се консултираат надлежното обвинителство и судот.