Регион
Малолетник испраќал лажни дојави за бомба во училиште во Сараево

Министерството за внатрешни работи во Сараево денеска соопшти дека момче испратило лажни пријави за бомби на електронската адреса на ОУ „Меша Селимовиќ“.
Како што се наведува, пријавите пристигнале на адресите на училиштето на 30 март, на 4, 5 и на 11 април.
Со оглед на тоа дека се работи за малолетник, од полицијата најавија дека нема да соопштуваат други информации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучевиќ: Професорите кои не предавале, утре нема да го добијат првиот дел од февруарската плата

Милош Вучевиќ, премиерот на Србија во заминување, утрово изјави дека професорите и наставниците кои не предавале нема да ги добијат февруарските плати. Премиерот ја истакна и изјавата на претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, дека студентите треба да се вратат на универзитетите најдоцна до 17 март за да не се изгуби академската година.
„Се плашам дека е уште потешко за училиштата, не сум сигурен како е можно да се постигне тоа. Професорите и наставниците кои не држеле настава во училиштата утре нема да го добијат првиот дел од февруарската плата. Тој што не работи, нема да земе плата“, изјави утрово Вучевиќ за „Прва телевизија“.
Како што рече, „тоа апсолутно не е фер кон оние што работеле“.
„Оние кои работат и во минимален работен процес немаат проблем да добијат плата. Тоа е процес кој е правен и нешто што државата може да го препознае. Дозволивте нашите училишта да се затворат, а сепак велите дека се борите за подобра Србија. Конкретно, не може да се легализира тоа што лукаво го направија, родителите да одлучуваат во групите на Вибер дали ќе одат децата или не на училиште. Која безбедност е загрозена во училиштата? Каква врска има ова со паѓањето на настрешницата? Апсолутно никаква“, рече меѓу другото Вучевиќ.
Регион
Украле 202 парфеми во вредност од 17.640 евра: необична кражба во Загреб

Полицијата во Загреб пријавила 24-годишник, 20-годишник и 19-годишник кои се осомничени дека од средината на март 2024 година до 24 февруари годинава од парфимерии во поширокото подрачје на Загреб украле 202 парфеми во вредност од 17.640 евра.
Полицијата прецизираше дека тројката изминатава година посетувала парфимерии на повеќе места, каде во неколку наврати заедно, понекогаш во парови, а понекогаш сами, ги користеле приликите кога вработените биле зафатени и извршиле кражба 19 пати.
По завршувањето на кривичната истрага, 24-годишниот и 20-годишникот се предадени на надзорникот на притворот, а полицијата се уште трага по 19-годишникот. Сите тројца се пријавени во загребското општинско кривично државно обвинителство.
Регион
Бабата на Дуња Марковиќ верува дека некој ја зел и ја вратил на местото каде што е пронајдена

Данијела Ѓорѓевиќ, бабата на пронајденото девојче Дуња Марковиќ, денеска изјави дека на тоа место никогаш не се случило вакво исчезнување на дете и дека верува дека некој го зел девојчето и го вратил на местото каде што е пронајдено.
„Утрово заклучив дека детето е пронајдено толку блиску што се сомневам дека прво било однесено па донесено тука и оставено.
Мислам дека се исплашиле и го вратиле детето“, рекла Ѓорѓевиќ.
Таа им се заблагодари на полицијата и на луѓето за укажаната помош за што поскоро да му се помогне на девојчето. „Не можев да верувам дека ја нема, особено цела ноќ.
„Има само две години, не зборува многу, не ја ни научивме да зборува толку“, изјави Ѓорѓевиќ.
Двегодишната Дуња Марковиќ, која исчезна во понеделникот во Уб, утрово е пронајдена во свесна и комуникациска состојба и пренесена на преглед во болница.
Девојчето го пронашло куче трагач од планинската спасувачка служба на оддалеченост од околу два до три километри од куќата, пренесува Танјуг.