Европа
Пожарите во Грција слабеат: огнот на Крф намерно предизвикан
Шумските пожари, кои беснеат една недела во Грциј,а денеска ослабеа, но пожарникарите сѐ уште се обидуваат да го стават под контрола огнот во кој загинаа три лица, а илјадници туристи мораа да бидат евакуирани.
„Шумските пожари во Грција стивнуваат, но пожарникарите сѐ уште се активни на неколку локации“, изјави член на противпожарната бригада.
Пожарникарите го гаснат пожарот на островот Евија, каде што во вторникот загинаа двајца грчки пилоти кога се урна нивниот „канадер“.
На Родос, кој поради пожарот го напуштија повеќе од 20.000 странски посетители и локални жители, пожарникарите се борат со шумските огнови на три фронта.
Во вторникот со специјални авиони беа вратени околу 3.000 странски туристи, кои претходно беа евакуирани од тој остров.
Островот Родос, многу популарна туристичка летна дестинација за странските туристи, обично го посетуваат приближно 1,5 милион луѓе во летните месеци. Грчката економија во голема мера е зависна од туристичкиот сектор, кој сочинува 18 отсто од БДП на земјата.
Министерката за туризам, Олга Кефалогјани, тврди дека само мал дел од Родос е зафатен од шумски пожари и дека Министерството во соработка со хотелиерите бара начин да ги врати туристите на островот. За жал, според локалниот гувернер, пожарот на Крф, најверојатно, бил намерно предизвикан.
Грчките острови се популарни туристички дестинации, особено за Германците и Британците.
Грција во последните недели ја погодија многу високи температури, а се очекува живата во термометрите да се искачи над 44 степени.
В четврток се очекува благ пад на температурата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

