Регион
Уапсените за убиството кажале неколку локации: потрага по телото на малата Данка
Потрагата по телото на девојчето Данка Илиќ сè уште трае, јавува репортерот на N1 од Бањско Поле. Десната страна на патот, кој води од Бањско Поле до Бор, е местото на најинтензивна потрага.
На терен се возила на механизација, полициски службеници и противпожарна единица. Полицијата го контролира сообраќајот и не е дозволен пристап до местата каде што е во тек претресот. Има и спасувачи со кучиња и неколкупати ја пребаруваа целата област.
Од Бирото на Министерството за внатрешни работи на Србија за соработка со медиумите изјавија дека претресот се врши на централна локација во близина на депонијата, на која претходно ги донел еден од уапсените, но велат дека не може да се потпрат на нивните изјави. „Во истрагата признаа толку, но не и локацијата каде е телото. Поточно кажаа повеќе локации“, објаснува репортерот на N1.
И вчера интензивна потрага се вршеше во близина на депонијата, но и во селата во кои беа уапсени. Имотот е претресен, но засега ништо не е пронајдено.
Паралелно продолжува спонтаниот собир на граѓани во Бор. Сè повеќе ги има на платото пред Центарот за култура. Од моментот кога беа објавени деталите од истрагата, мештаните се прашуваа како се случило сето тоа и како сето тоа почнало од некаков сообраќаен инцидент до ваква ситуација, која сега се карактеризира како тешко убиство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На таткото на момчето убиец од Србија му е продолжен притворот за уште 60 дена, има сомнение дека може да го повтори делото
Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.
Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.
Регион
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес
Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.
Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.
Колку бил силен, сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.
„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.
Регион
Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија
Утрово земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Кладово, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, јавуваат српските медиуми.
Засега нема извештаи за евентуална штета.