Регион
Предизборно Русија ги испраќа шестте Миг-29 за Србија

– Српскиот премиер Александар Вучиќ најави дека во понеделник ќе направи официјална посета на Русија, информира во неделата ABC.
Се очекува во текот на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин Вучи да ги финализира преговорите за набавка на шестте авиони МиГ-29.
Посетата ќе се одржии само една седмица пред претседателските избори во Србија. Вучиќ е сметан за фаворит и ќе се обиде да освои гласови за да победи во првиот круг на изборите.
Изданието “Jитарњи лист” излезе со анализа дека авионите можат да претставуваат предизборен подарок на Путин наменет за Вучиќ.
Весникот уште” потсетува дека во декември Србија потпиша договор за испорака на шест лесни хеликоптери H145M, а во споменатиот руско-српски договор за воена набавка се вклучени дополнително уште 60 единици вооружена техника.
Според весникот, половина од тоа количество претставуваат 30 тенкови Т-72 S, кои се со многу пософистицирана модификација и имаат подобар оклоп, но помалку управливи на огнот од американскиот М-84.
Изданието пишува дека Србија веќе објави дека ќе купува ракети “воздух-земја”, кои можат да бидат употребени од авионите “Миг-29 SM”/Крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.