Регион
Продолжен притворот на лажната забарка од Белград: Ја фалсификувала дипломата, а потоа и лекувала, нанесувајќи им штета на околу 40 жени
Снежана С.(48), која е уапсена поради сомнение дека во нејзиниот салон вршела естетски и стоматолошки зафати иако немала соодветно образование за тоа, а во таа прилика, како што се сомневаат, биле повредени околу 40 жени во нејзиниот салон за убавина „БВ Дентал Естетик“ во Белград, со решението на Првиот основен суд во Белград е продолжен притворот за 30 дена бидејќи постојат посебни околности кои укажуваат дека останувањето на осомничената на слобода би влијаело на сведоците.
Снежана С. се товари за кривично дело фалсификување исправа и кривично дело надрилекарство.
Таа признала дека ги правела третманите, но не и дека нејзината диплома е лажна.
Како што пишуваат белградските медиуми, таа им наштетила на околу 40 жени нудејќи ѝм услуги преку Интернет, поточно социјалните мрежи и веб-страниците кои нудат попусти за одредени услуги. Така таа понудила третмани кои чинат десетици илјади динари по цена од неколку илјади. Се верува дека цената била една од стапиците во кои паднале пациентите. Пополнување на брчките со хијалуронски филтер, кој го рекламирала за 8.000 динари, третмани за обновување на косата со крвна плазма за 5.500 динари, иако вредноста на споменатите третмани е речиси 20.000 српски динари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Градоначалникот на Белград му се закани на маж и му го фрли мобилниот: Се чувствувал загрозен, објавија српските медиуми
Александар Шапиќ, градоначалник на Белград и кандидат за нов мандат на СНС, денеска предизвика инцидент и му го скрши мобилниот телефон на маж.
Имено, Шапиќ се појави на прес-конференција на која требаше да зборува за отстранување на сплавовите на савскиот насип, а потоа почна да разговара со граѓаните, што набрзо доведе до инцидентот.
По краток разговор тој почнал да си оди, кога еден од граѓаните почнал да го снима. Во тој момент Шапиќ му го зел мобилниот телефон и го скршил, пренесува Нова.рс.
Prostački napada @AcaSapic na aktiviste- otimanje telefona, razbijanje o beton i salva pretnji i uvreda tzv. gradonačelnika danas na Savskom keju. pic.twitter.com/6ImjFn9JQ1
— Petar Djuric (@Petar__Duric) May 9, 2024
Имено, како што пишува српскиот портал, мажот прашал до која година може да се легализираат дивоградбите, по што Шапиќ бурно реагирал.
На снимката се слуша како еден човек вели дека Шапиќ почнал да се заканува, со неколку пцовки, по што Шапиќ му го скршил мобилниот телефон.
Не е првпат неговите конференции да бидат обележани со физички инциденти и навреди.
Човекот кому Шапиќ му го скрши мобилниот телефон е активистот Александар Цвркотиќ, кој за Данас изјави дека го прашал кандидатот на СНС до кога може да се легализираат објектите. „Слушнав дека неговата куќа е изградена по годината пропишана со закон“, рече Цвркотиќ.
Регион
Кси Џинпинг му подари скулптури на Вучиќ кои го симболизираат кинеско-српското пријателство
За време на официјалната посета на Белград, кинескиот претседател Кси Џинпинг на српскиот претседател Александар Вучиќ му подари скулптури на Небесниот храм во Пекинг и Храмот на Свети Сава изработени од челик.
Фотографија на Кси Џинпинг и Вучиќ во присуство на нивните сопруги кои ги гледаат подароците беше објавена на интернет од страна на помошничката министерка за надворешни работи на Кина, Хуа Чунјинг, а пренесена од Спутник.
President Xi gifted President Vučić sculptures made of steel produced by the HBIS Smederevo steel plant. pic.twitter.com/66Mh5cae5v
— Hua Chunying 华春莹 (@SpokespersonCHN) May 9, 2024
Таа во најавата наведе дека на скулптурите се претставени небесниот храм во Пекинг и храмот Свети Сава во Белград, кои го симболизираат кинеско-српското пријателство.
Регион
Вучиќ до Силјановска-Давкова: Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме на зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија
Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ ја честита победата на Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија.
„Ѝ честитам на Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседател на Северна Македонија и ѝ посакувам успешно да ја извршува одговорната должност што ја презема. Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија, со цел напредок и благосостојба на нашите народи, како и просперитет на целиот регион“, изјави Вучиќ на платформата „Икс“.
„Многу ми значат вашите честитки“, му одговори Силјановска-Давкова на Вучиќ по упатената честитка.
„Вашите искрени честитки ми значат многу, претседателе Вучиќ. Очекувам дека ќе продолжиме да работиме на подобрување на одличните македонско-српски односи. Ви благодарам многу, претседателе Вучиќ“!, напиша таа во својот одговор на социјалната мрежа X.