Регион
Протести во Романија против владините планови за декриминализација
Илјадници Романци излегоа во неделата на улиците на главниот град Букурешт и во градовите ширум земјата протестираа против плановите на владата за декриминализација на некои прекршоци и помилувања на некои притворени преку итни укази за кои критичарите велат дека претставуваат закана за борбата против корупцијата на највисоките нивоа.
Кабинетот на новиот романски премиер Сорин Гриндеану минатата седмица го претстави нацрт-законот за указите кој го критикуваа шефот на државата, главниот обвинител, врховниот суд, државниот антикорупцискиот обвинител и директорот на управата за борба против организираниот криминал, како и активистите и странските дипломати.
Сите овие наброени изразуваа загриженост околу споменатиот нацрт-закон, поради наводниот недостиг од јавност и намерата одлуките да се носат со декрети наместо преку парламентот, иако и во него владата има големо мнозинство.
Владата има намера да ја декриминализира злоупотребата на службената полажба која прави штета помала од 200.000 леи, или околу 47.500 долари. Новата администрација, исто таа, планира да ги помилува притворените за дела за кои се изрекуваат казни помали од 5, и за половина да ги намали казните на осудениците постари од 60 години, на оние со терминални заболувања или со деца за кои е неопходна грижа, без разлика на делата што ги извршиле.
Романскиот претседател Клаус Иоханис во петокот ја повика владата да се откаже од указите, за коишто смета дека го поткопуваат владеењето на правото и борбата против корупцијата. Засега изостанува одговорот од владата.
Во неделата на улиците на Букурешт, и покрај големиот студ, според медиумските извештаи излегле повеќе од 15.000 луѓе. Илјадници луѓе се собрале и во Клуј, Темишвар, Иаси, Сибиу, и други градови, а помали собири имало и пред романските амбасади во Лондон, Париз и Копенхаген.
И покрај тоа што Романија се приклучи на Европската унија уште во 2007 година, и по десет години нејзиниот правосуден систем и натаму е под набљудување на Европската комисија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Додик вежбаше во природа, па порача: „Никогаш не сум бил во подобра форма“
Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, објави видео на социјалните мрежи на кое прави чучнувања во природа, што предизвика бројни коментари. Со тоа, тој се придружи на долгата низа политичари кои ги искористија своите физички атрибути и спортски активности за да привлечат внимание од јавноста, пишува N1.
Претседателот на СНСД на платформата Икс објави видео со пораката: „Никогаш во подобра форма“.
Никад у бољој форми. pic.twitter.com/Vh2A3e3E3v
— Милорад Додик (@MiloradDodik) February 22, 2026
Ова ги натера корисниците на социјалните мрежи да се пошегуваат, а се појавија и коментари дека тој се „подготвува за затвор“ или за Олимписките игри. Објавата на Додик е продолжение на трендот што во светот го популаризираше рускиот претседател Владимир Путин, познат по фотографиите на кои ги покажува своите мускули.
Регион
Борисов: Како Радев ќе се натпреварува со мене, врз основа на што?
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со градоначалници од партијата во Стара Загора упати критики кон поранешниот бугарски претседател Румен Радев, доведувајќи го во прашање неговото политичко позиционирање.
„Ние сме научени да бидеме скромни, но да бидеш скромен не значи да немаш самодоверба. Кој во оваа држава направил помалку од нас? Како ќе излезе Радев да се натпреварува со мене, врз основа на што?“, праша реторички Борисов.
Осврнувајќи се на новогодишното обраќање на претседателот, тој додаде: „На Нова година со задржан здив го слушавме говорот на претседателот. Кога рече олигархија – нека каже која е. Јас тврдам дека во ГЕРБ нема таква“.
Регион
(Видео) Вториот најголем вид ајкула снимен во близина на хрватски остров
Интересно суштество беше видено минатата недела во морето во близина на Црес, Хрватска.
Вработените во Институтот „Син свет“ добија видео врз основа на кое заклучија, иако не е најјасно, дека најверојатно станува збор за голема ајкула (Cetorhinus maximus). До овој заклучок дојдоа врз основа на карактеристичниот облик на нејзината грбна перка.
Големата ајкула е вид кој е редок, но постојано присутен по должината на источниот јадрански брег.
Повеќето видувања на ова животно доаѓаат од северниот Јадрански дел, вклучувајќи го и Кварнерскиот залив, кој е добро познат како област на Јадранскиот дел со најголема биомаса на зоопланктон, истакнува Институтот.
Тоа е втор најголем вид ајкула во светот, веднаш по кит-ајкулата, и може да достигне должина од повеќе од десет метри.
Тоа е миграторен вид кој се храни со планктон со филтрирање на морето со широко отворена уста и не е опасен за луѓето.
„Со учество во собирањето податоци од страна на јавноста, добиваме вредни информации што им помагаат на научниците во истражувањето и заштитата на морето. Секоја фотографија, секој совет и секој запис во апликацијата придонесува за подобро разбирање и зачувување на нашиот морски екосистем“, рекоа тие.

