Регион
Рама: Не очекувам датум за преговори со ЕУ

Албанскиот премиер, Еди Рама, не очекува Албанија следната недела да добие датум за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ.
Рама изјави дека не е оптимист во врска со почнувањето на преговорите на Албанија и Северна Македонија со ЕУ за што Европскиот совет треба да одлучи следната недела.
„Дали сум оптимист? Не“, изјави Рама за весникот „Ајриш тајмс“, а пренесе агенцијата „Танјуг“.
Тој додаде дека не може да биде оптимист доколку реално се согледаат случувањата во ЕУ.
„Јас сум оптимист за иднината на земјава, но не и за тоа што ќе се случи следната недела. Ние сме колатерална штета. Тоа е како кога паѓаат бомби и ќе погодат градина. Ние сме таа градина“, изјави Рама.
Тој додава дека неговата земја не очекувала да стане членка на ЕУ следната недела и знае дека тоа не е можно, туку да бара почеток на преговорите, кои би помогнале Албанија да стане членка во следните десетина години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.