Европа
Расте бројот на заразени со коронавирус во Грција, младите на удар
Во Грција денеска е забележано зголемување на бројот на новозаразени случаи од коронавирус, откако тој број се намалуваше со недели, објавија грчките медиуми.
Здравствените власти денеска пријавиле 1.797 новозаразени со Ковид-19, што е двојно повеќе во споредба со вчерашните бројки, пренесуваат агенциите.
Според здравствени службеници, повеќето нови случаи на заразени со коронавирус се пријавени кај млади луѓе, кај кои постои многу помала веројатност од сериозни последици.
Грчките власти ги укинаа повеќето ограничувачки мерки по падот на бројот на новозаразени во изминатиот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Лавина уби тројца скијачи во Италија, ги влечела стотици метри надолу
Лавина вчера погоди група од пет скијачи во северниот италијански регион Пиемонт, при што загинаа тројца од нив, соопштија спасувачите.
Двајца преживеале и со хеликоптер биле пренесени во болница. Лавината околу пладне ја погоди источната страна на планината Пунта Валгранде, на границата меѓу Италија и Швајцарија.
In Piemonte una valanga travolge un gruppo di scialpinisti italiani. I corpi delle tre vittime trascinati nella neve per centinaia di metri. La valanga si è staccata da Punta Valgrande, a Trasquera, a 2800 metri pic.twitter.com/d7iE1qnoYl
— Tg3 (@Tg3web) January 12, 2025
Лавината неколку стотини метри ги влечеше скијачите кои загинаа по удолницата, нанесувајќи им фатални повреди.
На подрачјето над 2.100 метри е издадено предупредување за „значителна опасност од лавина“.
Европа
(Фото) Од вечерва голем штрајк во Белгија: голем број летови се откажани или одложени
Во Белгија од вечерва во 22 часот до утревечер е закажан 24-часовен генерален штрајк на работниците поради плановите за реформа на пензискиот систем, јавија белгиските медиуми.
Синдикатите кои ги претставуваат работниците во транспортот, образованието, Националната затворска служба и други области повикаа на генерален штрајк поради пензиската реформа која најверојатно ќе ја спроведе идната влада.
Голем број летови ќе бидат откажани или одложени, како и повеќето поаѓања на возови, а јавниот градски превоз во Брисел значително ќе биде намален, објави „Brussels Times“.
Општинските служби утре нема да го собираат сметот во Брисел.
Во штрајкот ќе учествуваат и над 20 илјади наставници.
Европа
(Видео) Се судрија два трамваи во Стразбур: повредени најмалку 20 лица
Најмалку 20 лица се повредени при судир на два трамваи во Стразбур, во источна Франција, пренесуваат француските медиуми.
Несреќата се случила откако машиновозачот не ги почитувал знаците и завршил на погрешна пруга пред директно да се судри со неподвижен трамвај.
🚨🇫🇷BREAKING: TRAM COLLISION IN FRANCE LEAVES 20+ INJURED
2 trams collided at a station in Strasbourg, France, near the border of Germany, leaving dozens injured.
Emergency services are on site, cause is unknown.
Source: CNN, BBO, CNews
pic.twitter.com/O9yPAbma7J— Mario Nawfal (@MarioNawfal) January 11, 2025
Според првичните проценки, пет лица се тешко повредени.
Противпожарната и спасувачката служба на Bas-Rhin потврди дека бројни ресурси се мобилизирани и се на лице место.