Регион
Русинка паднала и преживеала од висина од 17 метри во зграда во Белград
Тинејџерка од Русија на возраст од 17 години синоќа паднала од шести кат од зграда во Нов Белград и преживеала, пренесува „Телеграф“.
Девојчето паднало од напуштен објект од висина од 17 метри. Била примена во болница со тешки повреди.
За овој случај известени се полицијата и Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Се поради паркинг: нападнат директор на училиште во Ниш, интервенирала полицијата
Директорот на основното училиште „Мирослав Антиќ“ во Ниш денеска на работното место бил нападнат од родител чие дете го посетува училиштето, поради капијата што неодамна била поставена пред училишниот паркинг, пренесуваат српските медиуми.
Директорот бил физички нападнат од родител на еден од учениците поради капијата што училиштето ја поставило за да ја заштити безбедноста на 1.100 ученици.
Според написте мажот кој живеел во непосредна близина на училиштето тврдел дека капијата му го попречува паркирањето, па решил да го натера директорот да го отстрани.
– Човекот влезе во канцеларијата на директорот каде што бев и јас. Почна да навредува, да се заканува и да се жали на паркингот. Потоа фрли полно шише вода кон директорот, соборувајќи му го мониторот, упатувајќи му закани и навреди. После тоа дојде полиција и го однесе родителот, а брзата помош му помогна на директорот – изјавил училишниот стоматолог, очевидец инцидентот.
Директорот го потврди инцидентот, но, како што рече, не е овластен да го коментира.
– Според протоколот за вакви ситуации, се очекува да соопшти Министерството за образование – рече тој.
На прашањето како е, тој кратко рече дека е физички добро, но дека преживеал голем стрес.
Како што потврдуваат од полициската управа на Ниш, нападот во полиција го пријавило одговорното лице на тоа училиште и се утврдуваат сите околности на инцидентот.
За случајот е информирано и Основното јавно обвинителство Ниш.
Регион
(Видео) Снимка од апсењето на поранешниот претседател на Албанија; Бериша објави: „Ова е политички прогон“
Поранешниот претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, денеска е уапсен во Тирана по налог на Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК) на таа земја.
Уапсен е на влезот во Тирана додека се возел до местото каде требало да одржи прес-конференција, а според последните информации, најверојатно е уапсен поради случајот со кој се поврзувал за корупција и одбивање да пријави имот, пренесува „Јуроњуз Албанија“.
🇦🇱 Albania's former president and prime minister, Ilir Meta, was arrested today.
Meta is the leader of the Freedom Party, the third-largest in Albania.
With Meta’s arrest, all major opposition leaders, including the Democratic Party’s Sali Berisha, have now been arrested. pic.twitter.com/yKDYZS7vHY
— kos_data (@kos_data) October 21, 2024
Оваа вест ја потврди и поранешниот премиер Сали Бериша, кој рече дека станува збор за политичко апсење.
-Политичкиот прогон на Илир Мета е политички, политички и само политички. Тие не објавија никакви факти, никакви документи, но ги извршија наредбите на албанскиот премиер Еди Рама, кој со сите средства политички, а можеби и физички се обиде да го елиминира Илир Мета. Еди Рама, како што во минатото осудував, е вмешан во исчезнување на лица на незаконски, противуставен начин – рече Бериша, пренесува медиумот.
Илир Мета претходно неколкупати беше повикан во Обвинителството од СПАК, поради случајот ЧЕЗ ДИА, кој се однесува на имотна истрага и лобирање.
Мета најави дека денеска попладне ќе одржи прес-конференција, но пред тоа е уапсен, пишува „Албанијан пост“.
Претходно, австрискиот весник „Кронен цајтунг“ објави дека Илир Мета и ЛСИ (сега Партија на слободата) платиле 700.000 долари за лобирање во Соединетите Американски Држави.
Регион
„Сестро, се плашам, ве сакам“: последните пораки на девојката која почина по вадење заб во Сараево
Во изјава за „Аваз“, Ајла, сестрата на Џејла Драпиќ, се присетува на последните денови поминати со нејзината сестра, тешките моменти во болницата и празнината што ја остави Џејла, која почина по интервенцијата на стоматолог.
„Поминавме многу време заедно. Моите деца, иако се мали, секоја минута ја бараат својата тетка, бидејќи таа ги сакаше безусловно и поминуваше многу време со нив. Душата ми е растргната затоа што мојот Рејан, кој е најмал, нема ни да ја памети, а таа постојано го лулаше, го галеше, се грижеше за него. Мојата Ејна беше нејзиниот секогаш до неа“, никогаш не се разделија. Како понатаму, се прашувам“, низ солзи раскажува Ајла, сетсрата на девојката што почина по вадење на заб во Сараево.
Според нејзината сестра, Џејла само чекала да се врати од болница дома.
„Постојано ме прашуваше: Сестро, кога ќе одам дома? Но, најтешките моменти ми беа пред последната операција. Ми велат дека мора итно да се оперира. Ми праќа пораки: „Сестро, се плашам, те молам учи за мене. Ве сакам’, таа постојано повторуваше дека многу не сака“, го опишува последниот контакт на Ајла со нејзината сестра пред операцијата.
Тамошните медиуми потсетуваат дека шеснаесетгодишната Џејла го загуби животот во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС) откако претрпе тешки компликации при стоматолошка процедура во приватна ординација во Сараево.