Регион
САД не му одобрија на Изрел да ѝ продаде авиони „Ф-16“ на Хрватска
Израел официјално го извести Министерството за одбрана дека не добил одобрение од САД за испорака на авиони од типот „Ф-16 барак“ од американско производство на Хрватска, изјави министерот за одбрана, Дамир Крстичевиќ, со што официјално потврди дека пропадна бизнисот за купување овие авиони.
„По разговорите со израелските колеги може да ве информирам дека Израел официјално го извести Министерството за одбрана дека, спротивно на преземената обврска, не може да ги добие соодветните одобренија од САД за испорака на израелските авиони ‘Ф-16 барак’ на Хрватска“, рече министерот.
Тој додаде дека за набавка на авионите не е потпишан никаков договор меѓу двете земји и дека нема финансиска штета за Загреб.
Крстичевиќ заклучи дека нема никаква одговорност од страна на Хрватска ниту, пак, таа можела да влијае на одлуката.
Хрватска за 2,9 милијарди куни требаше да купи 12 борбени авиони „Ф-16 барак“, односно модифицирана израелска верзија на изворно американски авиони. Американската страна би се согласила на продажба на трета страна, но само на авиони од кои би биле отстранети сите израелски надградби.
Хрватска не сакаше да го прифати тоа и им даде рок на Израелците до 11 јануари да се изјаснат дали може да го почитуваат таквиот договор. Израел, еден ден пред истекот на рокот, официјално ја извести Хрватска дека не добила одобрение од САД за продажба на модифицираната верзија на авионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.