Регион
Спор меѓу грчките православци и католици за одбележувањето на свети Валентин
Одбележувањето на Валентиново, како што се нарекува во комерцијализираниот свет, одбележувањето на христијанскиот светец на грчкиот остров Лезбос, каде што инаку се чуваат останките – реликвиите за кои се тврдат дека му припаѓаат на свети Валентин, предизвика нов спор меѓу тамошните православни и католички верници, пишуваат во неделата грчките медиуми.
Православниот свештеник Атанасиос Јусмас од Митилена, главниот град на островот Лезбос, остро протестира во името на своите парохјани против прославата, во писмото испратено до градските власти.
Се заканил дека ќе се обрати пред судовите дека неговата црква, чијашто купола е симбол на градот Митилена, да не биде повеќе прикажувана на плакатите со кои граѓаните и туристите се повикуваат на прославувањето.
„Ние сме браќа и во текот на изминатите векови се ’расправавме’, но наша христијанска должност е да се помириме“, одговорил во отвореното писмо во медиумите пастирот на локалните католички верници Леон Кискинис, пренесува агенцијата ANA.
Припишувајќи го незадоволството на православните на „неколкумина ограничени фундаменталисти“, Кискинис истакнал дека свети Валентин, свештеник и бискуп на италијанскиот град Терни од III век, е признат како маченик пред црковниот раскол меѓу источната и западната црква.
Одбележувањата на Денот на свети Валентин на Лезбос започнаа од 2015 година, откако на островот се вратени реликвиите кои се чуваат во католичката црква „Вознесението на Марија“.
Свеченостите, коишто вклучуваат натпреварување во пеење и љубовни песни, завршува во вторник со процесија низ Митилена./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

