Регион
Србин убиен во Бразил, 10 години бил во бегство: возел велосипед со детето и сопругата, напаѓачот пришол одзади и пукал

Ликвидацијата се случила на 5 јануари во населбата Ембаре во Сантос, Бразил, а според неофицијални информации, се сомнева дека српскиот државјанин Дарко Гејслер Недељковиќ (43), кој се барал за убиството на Баранин Андрија Мрдак во 2014 година, бил убиен. Локалните медиуми јавуваат дека жртвата е идентификувана како 43-годишниот Дарко Ковач, а се сомневаат дека убиениот користел лажен идентитет.
Убиството се случило во петокот вечерта во 19.46 часот, во населбата Ембаре, во моментот кога жртвата се симнала од велосипедот на кој се возел неговиот четиригодишен син. Напаѓачот му пришол одзади и пукал.
Во моментот на ликвидацијата напаѓачот носел маска и ракавици. Злосторството го снимиле надзорните камери, а на видеото се гледа моментот кога убиецот ѝ приоѓа на жртвата и пука во неа. Србинот бил застрелан во моментот кога се симнал од велосипедот, а неговото дете сè уште било на велосипедот. Во моментот кога бил застрелан, сопругата на убиениот скокнала да го задржи детето да не падне.
Засега не е познат мотивот за ликвидацијата.
Соседите на Србинот рекле дека тој и неговото семејство живееле таму неколку години и дека бил мирен и дека нема индиции за незаконски активности.
Инаку, убиениот Србин е осомничен за убиството на Баранин Андрија Мрдак. Злосторството се случило на 25 декември 2014 година пред капијата на затворот во Спуз.
Како што јавија медиумите, убиецот пукал во правец на Мрдак пред очите на неколку лица. Поради убиството, по Гајслер, државјанин на Србија, кој со години е во бегство, е распишана потерница.
Се вели дека Гајслер бил близок до Шкаљарскиот клан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Инциденти по протестот во Белград: Петпати фрлија солзавец, но луѓето бришат солзи и не се откажуваат, летаат јајца и шишиња по полицијата

Голема толпа народ не се повлекува од улиците на Белград иако студентскиот протест, преку кој испратија порака за предвремени парламентарни избори, заврши. Полициски кордони има насекаде и се обидуваат да ја потиснат масата луѓе. Граѓаните на многу места фрлаат со шишиња, лименки, камења и јајца по полицијата, се жалат дека се чувствува солзавец во воздухот, но велат дека нема да се откажат.
„Бевме пред кордонот полиција, во првиот ред. Петпати фрлија солзавец, но луѓето бришат солзи и не се откажуваат. Доста е страв, нема понатаму. Ова е нивен крај, не наш. Остануваме до крај“, вели за српската телевизија „Н1“ студентка која на протестот е со мајка си и не сака да си замине.
„Спуштете ги штитовите“ извикуваат граѓаните и не сакат да отстапат. Ставаат маски на лицата и пренесуваат повик „да не се откажуваме, се додека сме мирни, ништо не можат“.
Студентскиот протест на кој беа пренесени пораките за предвремени избори заврши мирно, а инцидентите почнаа во моментот кога студентите ги соблекоа елеците.
Регион
(Видео) Студентите на протестот во Белград ќе развеат знаме „какво што не се очекува“

Студентскиот протест во Белград почна со огромен број луѓе кои се уште се слеваат кон плоштадот Славија. Студентите за вечерва најавија дека ќе развеат знаме „какво што досега не е видено“. Откога почна протестот тие на социјалните мрежи објавија кусо видео од последните подготовки за изнесување големо знаме на улица со најава дека „тоа ќе биде знаме кое не сте го очекувале“.
Biće to zastava koju niste ocekivali pic.twitter.com/qeFNGlGmHD
— Žaklina Tatalović (@zaklina_prva) June 28, 2025
Протестот е предвидено да заврши во 21 часот кога истекува рокот кој студентите го дадоа на власта за распуштање на Народното собрание распишување предвремени парламентарни избори како и растурање на протестот во Пионерскиот парк каде некои студенти на контрапротест три месеци кампуваат и бараат продолжување на универзитетската година. За се што ќе се случува по 21 часот, студентите кажаа дека не се надлежни, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, попладнево рече дека очекува насилство, токму во периодот од 21 до 22 часот.
Регион
Плоштадот Славија во Белград се преполни, реки луѓе доаѓаат од сите страни на видовденски протест

Под слоганот „Се гледаме на „Видовден“ попладнево плоштадот Славија во Белград, Србија се преполни луѓе. Српските медиуми јавуваат дека реки народ се уште доаѓаат кон плоштадот од сите страни на државата.
Студентите, поддржани од огромен број граѓани имаат две барања од властите. Првото барање е распуштање на Народното собрание и распишување предвремени парламентарни избори до 21 часот денес, а второто барање е да прекине протестот на некои од студентите кои бараат продолжување на универзитетската година и три месеци кампуваат во Пионерскиот парк во центарот на Белград.
Студентите кои го организираат протестот најавија дека тој ќе трае три часа, треба да заврши во 21 часот и се огласија за ненадлежни за се што ќе се случува по 21 часот.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека очекува насилство на протестот кое ќе почне меѓу 21 и 22 часот.