Регион
“Србомански измет”, “титовисти”, “ѓубриња” – куп навреди за Македонците од ексбугарскиот амбасадор
Скандалозното однесување на македонската гранична полиција на границата меѓу Бугарија и Северна Македонија, како и уште поодвратното однесување на македонската политичка елита и македонските граѓани во Скопје во врска со прославата на годишнината од раѓањето на националниот херој на Бугарија, Гоце Делчев, испраќа недвосмислена порака: За Република Северна Македонија нема место во Европската унија, порача европратеникот Александар Јорданов.
„ На нивната десетгодишна непријателска политика кон Бугарија мора да и дојде крајот. Го слушнав и лидерот на опозицијата во оваа земја Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој активно работи против својата држава во интерес на соседна Србија. И најверојатно на Русија. Денеска нас Бугарите не повика да гледаме во иднината, во 21 и 22 век. Веднаш му одговарам: зошто сакајќи да погледнеме во иднината, центарот на Скопје го изградивте со антички градби? Зошто го ковавте дури и урбаниот архитектонски простор?
Нема иднина за вакви комунистички фосили како тебе – титовисти, црвено ѓубре, југословенски ѓубриња. Ќе висите пред портите на Европа многу долго. Ќе клечете пред стражарите додека не им се смачи од историската вистина дека сте срамни наследници на достојните македонски Бугари. Дека сте се преродиле од својот бугарски народ. За европско членство ќе треба долго да чекате бидејќи вашето однесување е на србоманците. И затоа што не сте достојни да го имате името Македонци, што е име на македонските Бугари“ порача Јорданов.
Тој ги повика сите бугарски политичари, млади и стари, десни и леви, либерални и зелени, да заземат цврста и непоколеблива позиција во одбрана на бугарската историја, култура и фолклор во Македонија – минатото и сегашноста.
Јорданов во 2001 година беше амбасадор на Бугарија во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Тинејџер загина во Будва, со „ситроен“ излетал од патот со двајца патници
Тинејџерот Лазар Ф. (15) загина во неделата во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Будва кога автомобилот што го управувал излетал од патот.
Во незгодата се повредени две лица, од кои едното е полнолетно – Ј. М., а другиот е малолетник – М.М.
Повредените веднаш биле префрлени во болницата во Котор.
Во полициското соопштение се наведува дека несреќата се случила во близина на стадионот, кај плажата Јаз, и се додава дека возилото удрило во дрво.
Тинејџерот управувал автомобил „ситроен“ со будвански регистарски таблички.
Регион
Неписмени гангстери: реакција на Милановиќ по одлуката на Уставниот суд
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ја коментираше одлуката на Уставниот суд за неговата кандидатура.
Медиумите во регионот потсетуваат на одлуката на Уставниот суд во која е заклучокот дека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ не може да учествува во политичките активности на ниту една политичка партија додека ја извршува својата функција. Претседателот на Уставниот суд,Мирослав Шепаровиќ му забранил да биде на избирачкиот список и на кој било начин да учествува во изборната кампања додека е претседател.
„Тоа го направија на гангстерски начин. Тие не ми можат ништо, но јас им можам. Тоа се сељаци, неписмени. Писмен човек, барем тој што завршил автошкола, има проблем со тоа“, рече тој.
Зоран Милановиќ потоа на насобраните во Вела Лука им ја прочитал одлуката на Уставниот суд.
„Најверојатно хрватскиот го научиле во автомеханичарска работилница. Според овие неписмени гангстери, тоа е забрането, но не е“, рече тој.
„Ова мора да се реши на избори. На крајот ќе бидам премиер, но нема да и кажувам на таа банда како. Ќе бидам кандидат на изборите, како што можев да бидам и на европските избори. Јас нема да си дадам мандат. Што е тука спорот, неписмени гангстери“, праша тој.
Собирот на ХДЗ во Лисински го нарече бал на вампирите. Тој рече дека во првите редови имало двајца ректори на државните универзитети.
„Со гангстерите ќе се справиме по изборите“ рече тој.
Регион
Уставниот суд на Хрватска одлучи, Милановиќ не може да се кандидира за функцијата
Хрватскиот Уставен суд одлучи Зоран Милановиќ дека не може да биде на списокот за парламентарните избори.
Актуелниот претседател не може да биде кандидат за премиер.
Во членот 96 од Уставот е предвидено дека претседателот на Републиката не може да врши други јавни или професионални должности. Претседателот на Републиката е непартиско лице и при вршењето на оваа должност не смее да учествува во политичките активности на ниту една политичка партија, што исклучува секаква можност претседателот на Републиката, во контекст на распишаните парламентарни избори, да биде кандидат на листата за избор на претставници или предложен за кандидат за функцијата претседател на Владата на Република Хрватска и во тоа својство да учествува во политичката изборна кампања.