Регион
Српското Собрание ја продолжува расправата за Косово

Пратениците на Собранието на Србија, денеска, во 11 часот, ќе ја продолжат расправата за косовското прашање.
На дневен ред на вонредната седница е и владиниот извештај за преговарачкиот процес со институциите на привремената самоуправа во Приштина од 1 септември 2022 година до 15 јануари 2023 година.
На вчерашната седница, на која присуствуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, беше презентиран извештајот за преговарачкиот процес со привремените институции на самоуправа во Приштина. На седницата присуствуваа претседателот на Канцеларијата за Косово и Метохија на владата на Србија, Петар Петковиќ, како и претставници на Српската листа од Косово.
Вучиќ, презентирајќи го извештајот, вчера рече дека целта е отворен разговор за најтешките работи со кои се соочуваат, а не префрлање на одговорноста.
Вучиќ презентира и план од десет точки за политиката на Србија во наредниот период. Тој зборуваше и за т.н. француско-германска иницијатива, а како особено тешка ја истакна точката 4, поточно вториот став, во кој се вели дека „Србија нема да се противи на членството на Косово во ниту една меѓународна организација“.
Во еден момент жолчната дискусија на пратениците прерасна во инцидент кога дојде до судир меѓу членовите на власта и опозицијата.
Неколку десетици граѓани протестираа пред Собранието на Србија барајќи парламентот да не го поддржи потпишувањето на француско-германскиот договор, ниту кој било друг што на кој било начин би претставувал признавање на Косово или да му овозможи да стане членка на ОН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трагедија на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград: маж починал штом слетал од Тунис

Вистинска драма се одвивала синоќа, еден час по полноќ, на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, кога на патникот Н.Л. (64) му се скошило штом неговиот авион слетал од Тунис.
Според информациите објавени од Блиц, лекарите на аеродромот „Никола Тесла“ веднаш му пружиле помош, но човекот не можел да се спаси.
Неговата сопруга била до него цело време. Таа, неофицијално, изјавила дека на нејзиниот сопруг му се слошило штом излегол од авионот. Лекарите итно реагирале, но и покрај нивните напори, немало начин да се спаси.
За случајот било известено Вишото јавно обвинителство, кое нареди обдукција на телото на мажот, објавија српските медиуми.
Регион
Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека само обединета Европа може да биде независна Европа, дека поголема и посилна Унија е гаранција за безбедноста на сите и дека иднината на Западен Балкан, Украина и на Молдавија е во ЕУ.
Во својот годишен говор до нацијата пред Европскиот парламент таа повика на следно обединување на Европа.
„Кога зборуваме за независност, зборуваме за избор на нашата судбина. Тоа е она за што се бори Украина. И тоа е она што го заслужуваат сите Европејци. Бидејќи Европа е идеја – идејата за слобода и заемна сила. Тоа беше идејата што ја водеше генерацијата по 1989 година кога Истокот и Западот се обединија. Сега е исто толку моќна како што беше и тогаш. Затоа ги доближуваме идните земји членки до нашата Унија. Треба да го одржиме темпото на овој процес базиран на заслуги“, рече Фон дер Лајен, пренесува „Танјуг“.
Фото: принтскрин
Регион
(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во Атина, соопшти Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) ја процени јачината на 5,2 степени.
Земјотресот се случил околу 30 минути по полноќ по локално време, а епицентарот бил во морето 45 километри североисточно од грчката престолнина и 4 километри од брегот на Неа Стира на југозапад од Евија, вториот по големина остров во Грција.
2/#Greece #σεισμός #sismo #deprem https://t.co/UkYhUkNJG3
— GeoTechWar (@geotechwar) September 9, 2025
Според грчките медиуми, засега нема вести за евентуални жртви или штети. Градоначалникот на Маратон, Стергиос Циркас, изјави за телевизијата ЕРТ дека земјотресот бил многу силен и додаде дека засега нема вести за штети.
Грција се наоѓа на неколку геолошки раседи и често е погодена од земјотреси. Во мај, земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди островот Крит и беше почувствуван дури до Египет и грчкиот главен град, додека во јануари и февруари беше регистрирана силна сеизмичка активност во областа на островот Санторини во Егејското Море.