Регион
Странски медиуми: Одлуката на хрватскиот претседател е неочекувана
„Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска најави дека ќе се кандидира за помоќната премиерска функција“, пишува Ројтерс и ја опишува како „неочекувана одлука“, додека словенечката СТА наведува дека тоа би можело значително да ја промени ситуацијата поради неговата популарност во јавноста, покажуваат анкети на јавното мислење.
Изборите ќе се одржат на 17 април, најави претходно денеска Милановиќ.
Милановиќ, истакнува Ројтерс, е социјалдемократ и популист чиј претседателски мандат истекува во февруари 2025 година и беше во конфликт со Пленковиќ, а неговата најава дека ќе се кандидира за премиер беше неочекувана.
„Милановиќ и Пленковиќ често се расправаа за јавните и економските политики и начините за борба против пандемијата Ковид-19. Често се навредуваа и одбиваа да се сретнат“, додава Ројтерс.
Словенечката новинска агенција СТА се повика на последното истражување на јавното мислење објавено пред неколку дена на хрватската телевизија РТЛ, кое покажа дека ХДЗ и натаму има најголема поддршка.
Српската новинска агенција Бета објави дека дел од партиите, главно левицата и центарот, ја поздравиле одлуката на Милановиќ да учествува на изборите на кои ќе му се спротивстави на актуелниот премиер и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ и дека Милановиќ бил главен критичар на Пленковиќ во текот на целиот свој мандат.
Многу аналитичари уште во првите реакции посочија дека Милановиќ ризикува, но и дека и дава ветер во грбот на опозицијата која речиси и да немаше никакви шанси на парламентарните избори. Некои го критикуваат затоа што сметаат дека прво требало да се повлече од функцијата претседател, истакнува Бета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

