Регион
Тело на Србин извлечено од морето кај Аспровалта

Државјанин на Србија (68) загинал вчера кога бил извлечен од морето на плажата кај Аспровалта.
Спасувачите од плажата и лекарите направиле обид за реанимација на лице место, по што мажот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во општата болница во Солун, каде била констатирана смрт, пишува „Блиц“.
Грчките медиуми не наведуваат дека било подигнато црвено знаме, па не е појаснето дали причината за смртта е последица на разбрануваното море, додава српскиот весник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Албанија го отвора поглавјето „Зелена агенда“, последната фаза пред финалното членство

На 16 септември, Албанија ќе ја одржи следната меѓувладина конференција со Европската унија за отворање на групата поглавја „Зелена агенда“, потврдуваат официјални извори.
Според објавите, на 2 септември, Албанија ја поднела својата преговарачка позиција за ова поглавје, а отворањето ќе трае до 2 октомври, кога ќе биде одржана и меѓувладина конференција за последната група поглавја – „Земјоделство и кохезија“.
„Оваа есен се исполнува важна обврска за нашата земја. Отворањето на групните поглавја е клучен чекор, но најголемиот предизвик ќе биде нивното затворање, кое поминува низ долг процес на консултации и усогласување на законодавството“, оценија медиумите.
До сега, Албанија успеа да отвори четири од шестте основни групи поглавја: надворешни односи, внатрешен пазар, конкурентност и сеопфатен раст, кои се најважни и последни што се затвораат непосредно пред членството. Амбицијата на албанската влада е земјата да стане полноправна членка на ЕУ до 2030 година, но комесарката за проширување Марта Кос изрази оптимизам дека Албанија може да се приклучи веќе до 2029 година.
Ова отворање на поглавјата е значаен чекор кон европската интеграција, но аналитичарите предупредуваат дека реалните предизвици се во затворањето и усогласувањето на сите законски и административни стандарди со ЕУ.
Регион
Вучиќ бесен на Европските зелени: Олош сте, ќе одговарате пред законот на Србија!

Српскиот претседател Александар Вучиќ упати жестоки критики кон Европската зелена партија, обвинувајќи ја дека стои зад насилствата на протестите во Нови Сад.
„Одете, уништете ги вашите земји. Не ја уништувајте Србија. Вие сте олош. И не сте ни олош, полоши сте од тоа. Тоа е сè што имам да ви кажам. Дали се плашиме? Ни најмалку. Ја почитувам Урсула фон дер Лајен. Го почитувам Антонио Кошта. На ова ѓубре, олош, од Европската зелена партија, најлошиот олош во Европа што дојде во Нови Сад вчера за да го поддржи ова насилство, ќе бидат гонети во согласност со законите на Република Србија“, изјави Вучиќ.
Тој се осврна и на бројките од протестите, нагласувајќи дека низ цела Србија излегле помалку од 10.000 луѓе, додека најмногу имало во Нови Сад.
„9.380 луѓе биле низ цела Србија на митинзи против владата, од кои 7.020 биле во Нови Сад, според бројките на Министерството за внатрешни работи. И насекаде беше мирно, без инциденти, освен во Нови Сад. Полицијата им дозволи да ги тепаат со пиротехнички средства, стапови и камења цели 12 минути. Дури тогаш полицијата реагираше“, рече Вучиќ.
Претседателот предупреди дека ситуацијата во Нови Сад ескалирала и поради присуството на европратеници, кои, според него, сакале да ја нарушат стабилноста на Србија.
„Некои се обидоа со фантомки и шлемови да ги окупираат просториите на Филозофскиот факултет, но не успеаја“, нагласи Вучиќ.
Тој додаде дека српската полиција постапила строго професионално, но дека во инцидентите биле повредени 11 припадници на МВР.
Регион
(Видео) Српските полицајците сакаа да ги растераат граѓаните, но самите паднаа на колена

Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува необична ситуација во која полициски службеници сами се најдоа погодени од солзавецот што го фрлиле кон граѓаните.
И покрај тоа што беа во целосна опрема, со маски и шлемови, не успеале да се заштитат од чадот кој ветерот го вратил кон нив.
Во еден момент, неколкумина полицајци ги симнале маските и клекнале на земја, очигледно со потешкотии да продолжат да издржат во облакот од солзавец.
Според коментарите на очевидци и граѓани кои ја следеле ситуацијата, станува збор за иронична сцена во која природата им го „вратила ударот“ на службениците, поради што и видеото брзо се прошири на интернет и предизвика бурни реакции.
Plaćenici gubarski se od sopstvenog suzavca guše, čak su neki skinuli opremu i otišli. ‼️‼️‼️‼️ pic.twitter.com/LmEqDPWbXD
— o0o0o0o (@KoronVirus) September 5, 2025