Регион
Тешка сообраќајка во Косово, повредени деца и полицајци

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи во Грачаница, Косово, повредени се повеќе лица.
Како што пренесуваат медиумите во Приштина, комбе што превезувало ученици се судрило со полициско возило, а информацијата ја потврдил и портпаролот на полицијата во регионот во Приштина, Флори Ахмети.
Несреќата, според зборовите на Ахмети, се случила утрово околу 6:30 часот кога се судриле двете возила.
Приштинските медиуми различно известуваат за бројот на повредени кои побарале медицинска помош. Додека „Експрес“ наведува дека станува збор за 21 лице, други медиуми јавуваат дека помош побарале 11 од нив.
Двајцата полицајци кои се повредени во несреќата се префрлени на Ургентниот центар во Приштина, а учениците се надвор од животна опасност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.