Регион
Во Словенија воз налета на железничари, има загинати, четири лица тешко повредени
Најмалку две лица загинаа, а четворица се тешко повредени кога утринава патнички воз налета на група железничари во близина на градот Постојна во Словенија, соопшти полицијата.
Несреќата се случила утрово нешто по девет часот кај селото Ракитник, јужно од Постојна, на пругата Љубљана – Копер, изјавија за СТА од полициската управа во Копер.
Според полициските информации, возот удрил во членовите на групата за одржување на „Словенечките железници“, националниот железнички оператор.
Причината за несреќата засега не е позната, додава словенечки „Дело“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ за гласањето на Резолуцијата за Сребреница: Ќе има разочарувачки вести за ставовите на некои земји за кои не очекувавме „да ни забијат нож во грб“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска најави дека при гласањето на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница ќе има „разочарувачки вести“ во однос на позициите на некои земји.
„Ги добивме податоците, секако дека ќе има разочарувачки вести во однос на ставовите на некои земји за кои не очекувавме „да ни забијат нож во грб“, но очекувавме голем притисок и знаевме дека ќе има промени во ставовите. Цело време молчеа, но застанаа на страната на оние кои се големи и силни“, изјави Вучиќ на новинарите во обраќањето од Њујорк.
Тој изјави и дека верува оти „многумина кои ќе гласаат за Резолуцијата за геноцидот во Сребреница утре ќе кажат дека таа е за доброто на Србија“.
„Ќе ја повторат празната приказна дека не е колективна вина на српскиот народ“, рече претседателот на Србија.
Вучиќ рече дека ќе има „и такви кои ќе го издржат притисокот“.
„Парадоксално е што седницата на Генералното собрание на Обединетите нации ќе ја отворат Германците, повторно ќе ни судат, ќе одговорам и ќе возвратам на секој удар, а ќе имаме доволно пријатели кои ќе се појават во четврток навечер“, изјави Вучиќ.
Регион
(Видео) Силно невреме ја зафати Србија: жена загина во Сомбор
Силно невреме го погоди Сомбор околу 17 часот, а на социјалните мрежи кружат фотографии од соборени дрвја во овој град.
Исто така, како што соопшти српското МВР, една жена настрадала кога дрво паднало врз автомобилот во кој се наоѓала.
Поројни дождови и град ги погодија и Нови Пазар, Ивањица, Чачак.
Силно невреме денеска околу 15 часот го зафати Нови Пазар и околината, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во неколку населени места, јавува Танјуг.
Fallen branches and trees at northwestern Serbia due to convective wind gusts on this evening, in Kucura near town Vrbas (first photo), and in town Sombor (2nd and 3rd photo).
Source – Facebook page: https://t.co/wDYT1MhWyc pic.twitter.com/7CB9lfJcJL
— Milos Milic (@skomimaster) May 21, 2024
Силен дожд и град со големина на ореви паѓаа со часови без престан, пренесуваат српските медиуми.
Поради обилните врнежи, на улиците се појавија големи количества вода, што го отежна движењето на автомобилите.
Регион
Врани напаѓаат луѓе во Србија
Најмалку две врани нападнале девојче во Ниш. Бегајќи од птиците паднала во грмушките покрај пешачката патека. Таа врескала и се обидела да се одбрани мавтајќи со хартијата во раката.
Тамошните медиуми пишуваат дека ова не е прв напад на врана во Србија оваа година. Тие пишуваат дека врани нападнале и постар човек додека преминувал на пешачки премин.
Нападите во овој период од годината не се невообичаени бидејќи враните напаѓаат во близина на гнезда, а како што се наведува во видеото кое се шири на социјалните мрежи, една врана испаднала од гнездото и затоа се свртеле кон луѓето.
Според експертите, птиците од семејството на врани (Corvidae) се меѓу најинтелигентните суштества на Земјата. Иако имаат многу помал мозок од мајмуните и делфините, тие поседуваат исклучително високи когнитивни способности. Тестовите покажале дека знаат да решат сложени проблеми во седум или повеќе чекори. Покрај тоа, една студија објавена во 2016 година во списанието „Nature“ покажа дека тие имаат способност наречена теорија на умот. Тоа е способноста да се разбере дека другите суштества имаат ум, кој до неодамна се сметаше за исклучиво човечки потенцијал. Дури и децата под три години немаат целосно развиена теорија на умот.
Ако сакате да избегнете напади на врани во сезоната кога тие се особено возбудени, експертите препорачуваат неколку правила.
„Иако може да изгледа дека врани напаѓаат без причина, тоа не е точно. Напаѓаат само кога имаат добри причини за тоа, а најважни се младенчињата или агресивното однесување кон нив. Треба да знаете дека враните многу добро ги паметат лицата дури и неколку години. Затоа, најдобро е да не ги вознемируваме и да не се однесуваме агресивно, бидејќи агресијата може да се врати со задоцнување.
Враните и нивните потомци од претходните години будно внимаваат на младите кои сè уште не созреале. Затоа, во сезоната од мај до почетокот на јули, најдобро е да се избегнуваат нивните места за гнездење, особено младите.
Враните се исклучително интелигентни и добро ги паметат лицата – со години. Мажот што го доживуваат како агресор ќе биде препознаен по долго време, дури и ако се облекува сосема поинаку. Згора на тоа, бидејќи тие имаат способност да комуницираат и да поучуваат, тие ќе шират информации до другите членови на јатото, врз основа на кои агресорот ќе стане непожелна личност за секого.
Сезоната на зголемена агресивност на врани завршува на почетокот на јули. Враните исто така можат да ги перцепираат децата како натрапници, па родителите треба да бидат особено внимателни. Имено, децата можат да предизвикаат напад на врани со нивното возбудено однесување, трчање и мавтање со рацете“, предупредуваат експертите.