Регион
Турција им замрзна имот на 770 лица и на американска фондација за поврзаност со Фетулах Ѓулен

Турција им го замрзна имотот на вкупно 770 лица и на американска фондација под обвинение за тероризам, според одлуката објавена во „Службен весник“.
Имотот на Фондацијата „Нијагара“, со седиште во Чикаго, е замрзнат поради врските со американско-турскиот имам Фетулах Ѓулен кого Турција го обвинува за обид за државен удар во 2016 година.
Имотот на повеќе од 400 луѓе е замрзнат поради поврзаноста со Ѓулен, наведува весникот, пренесува „Ројтерс“.
Овој чекор е преземен врз основа на делата опфатени со членовите со наслов „криминалното финансирање тероризам“ и „актите на забрана за давање или собирање средства“.
Имотот на повеќе од 200 лица обвинети за врски со забранетата Курдистанска работничка партија и милитантната група Исламска држава исто така се замрзнати, се вели во одлуката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.