Регион
Уапсен убиецот на 18-годишната тик-токерка од Белград

Страшно злосторство е откриено денеска на улицата Цар Лазар во Белград, кога е убиена Ноа Миливојев (18) од Ковиље, по кој се трагаше. За делото е уапсен и сослушан Д.О.(33) во рамките на истрагата за исчезнувањето на тиктокерката, а соседите од зградата на осомничениот откриваат што се случило пред две недели во нивната зграда.
„Ја виделе пред неколку месеци со уапсениот кој живее во таа зграда. Полицијата веќе доаѓаше поради нивните расправии. Уапсениот веќе е сослушан во врска со исчезнувањето. 2 недели пред исчезнувањето врескала дека ќе искрши станови во зградата ако не и ги вратат работите. Забележавме дека речиси секој ден фрла некои работи од станот“ раскажуваат соседите.
Тиктокерката позната по прекар Ноа исчезнала на 17 јуни во Белград, а на денот кога и се губи секаква трага телефонски разговарала со мајка си и рекла дека оди да се види со нејзиниот дечко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.
Регион
Албанска министерка го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење

Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во ресторан во САД, објавува „Спутник“.
Таа потврди на социјалните мрежи дека го сторила тоа врз основа на пријавата на албански државјанин кој живее во Њујорк, каде што бил во посета нејзиниот заменик Анди Махила. Како што изјави, тој пушел цигара во ресторанот „што предизвикало немир кај присутните“.
Албана Кочиу е првата жена на чело на полицијата во историјата на Албанија, а во претходната влада беше министерка за здравство.
Фото: принтскрин