Регион
Убиецот на рускиот амбасадор во Анкара собирал информации и за амбасадорот на САД
Мевлут Мерт Алтинташ, убиецот на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, собирал информации и за амбасадорот на САД во Анката, Џон Бас, објави во четвртокот телевизијата Habertürk.
Според сознанијата на телевизијата, експертите кои го проучувале компјутерот на Алтинташ со клонорање на „облачниот сервис“, на кој останал дел од информациите за дејствијата на корисникот. Од нив било појаснето дека, освен податоци за рускиот амбасадор, атентаторот барал информации и за американскиот амбасадор и за Американскиот културен центар во Анкара. Поради тоа, турската истрага претпоставува дека американскиот амбасадор Џон Бас и американски државјани можеле да бидат цели на Антинташ.
Претходно весникот Sabah пишуваше дека истрагата во рамките на истрагата за убиството на обвинителството на Анкара барала помош и од американското Федерално биро за истраги (FBI) во врска со електронската пошта на атентаторот врз рускиот амбасадор Андреј Карлов. Алтинташ го користел сервис за електронска пошта Google и пред самиот атентат избришал од своето сандаче неколку писма, а исто така ги затворил своите профили на социјалните мрежи Twitter и Facebook.
Истражителите успеале да ја хакираат лозинката на паметниот телефон на Алтинташ и да најдат електронска порака во чијшто наслов пишувало „Ти си должен да ја извршиш волјата на Алах“. Исто така, експертите проучувале голем број пораки преку сервисите СМС и Facetime, кои убиецот ги испраќал во периодот меѓу 15-ти и 29-ти ноември 2016 година. Бидејќи и телефонот и компјутерот на Алтинташ биле производи на Apple, обвинителството официјално се обратило до претставништвото на американскиот технолошки гигант во Истанбул.
Застапниците на анкарското претставништво, исто така, контактирале и со компанијата Google за помош во враќањето на избришаните писма на Алтинташ. Сепак, како што дознава Habertürk., експертите од компанијата изјавиле дека тие биле избришани од серверите без можност да бидат вратени.
Рускиот амбасадор Андреј Карлов беше убиен вечерта на 19-ти декември 2016 година на отворањето на изложба на фотографии во Националната галерија во Анкара. Убиецот, припадник на турската полиција Мевлут Мерт Алтинташ, беше убиен веднаш потоа во престрелката со полицијата. Нападот и официјална Анкара и официјална Москва го квалификуваа како терористички чин, а во турската истрага се вклучени и руски иследници./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Јахорина: Детето кое падна од жичарницата претрпе сериозни повреди
Детето, кое вчера падна од жичарницата на планината Јахорина, е надвор од животна опасност, соопштија утрово за „БН ТВ“ од болницата во Источно Сараево.
„Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда, и е испратено во матичната установа во Нови Сад на понатамошно лекување“, изјавија од болницата за „БН ТВ“.
Медиумите потсетуваат дека вчера се случи непријатен настан на Јахорина, кога едно дете беше оставено да виси од жичарницата, а потоа падна на земја од висина од неколку метри.
Сето ова го забележаа скијачите кои случајно се најдоа таму.
Полициската управа Источно Сараево досега не го коментирала случајот, според медиумите во регионот.
Како што изјавија од Олимпискиот центар Јахорина, наскоро ќе биде објавено соопштение во врска со овој настан.
Регион
(Видео) Дете висеше од ски-лифт на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат
Вчера, дете падна од жичницата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обиделе да помогнат, но детето на крајот паднало на земја.
Видеото го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред падот. Скијачите кои случајно се нашле на падината под жичницата се обиделе да го фатат за да го ублажат падот.
Сè уште не е познато зошто детето паднало од седиштето.
Планинарската служба потврди за БН дека се случила несреќата. Повреденото дете е однесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е на лекување.
Лекарите сè уште не дале коментар за сериозноста на неговите повреди.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.

