Регион
(Видео) Хрватска под вода – евакуирани домови, затворени патишта
Континуиран дожд предизвика излевање на реката Зрмања од заштитниот ѕид во областа на градот Обровац и излевање на реката Отуча од коритото во општина Грачац во Хрватска.
„Надлежните служби се на терен, а жителите чии куќи се најзагрозени се евакуирани“, извести Управата за цивилна заштита.
Во 21.45 часот е активиран Штабот за цивилна заштита на градот Обровац.
View this post on Instagram
„Општината Грачац е поплавена, водата влезе во многу куќи, а четири семејства беа евакуирани во неделата вечерта“, изјави шефот на ХГСС, Јосип Брозичевиќ, за „Хина“.
Штабот на Цивилната заштита на општина Грачац бил активиран во неделата пред 13 часот поради заканувачката поплава, а началникот на кабинетот, Наталија Турбиќ, ги повикува сите што не се безбедни да се јават во жупанискиот центар 112 и со што сите загрозени ќе добијат помош преку штабот.
Таа објасни дека поплавата настанала поради излевање на реката Отуча, надојдена подземна вода и обилни врнежи од дожд, а под вода се сите ниски површини во општината, а некои од патиштата се затворени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Маж влегол во училиште во Белград и се заканувал дека ќе ги убие вработените
Маж кој се претставил како родител на ученик, попладнето влегол во холот на основно училиште во Видиковац, заканувајќи им се на вработените дека ќе ги убие, по што дошла полициска патрола и го однела, пренесуваат медиумите во соседството.
Родителите на учениците од тоа училиште добиле порака на заедничката вибер група од директорката на училиштето.
„Денеска околу 15 часот во училишниот хол влезе маж кој се претстави како родител на наш ученик, но не кажа кој, и се закани дека сите ќе не убие. Училишната полицајка набрзина интервенирала, по што дошла полициска патрола и го однела“, наведува директорката во известувањето до родителите кое било препратено до Н1.
По таа ситуација, таа информира дека утре главниот влез во училиштето ќе биде заклучен и отклучен доколку има потреба.
Според Н1, мажот е приведен во полициската станица, а истрагата е во тек.
Инаку за утре во 18 часот е најавен собир за поддршка на наставниците од училиштето кои ја прекинаа работата, јавува „Данас“.
Регион
Вучиќ: Веднаш да му подигнеме споменик на Трамп ако ја сопре војната во Украина
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Светскиот економски форум во Давос го даде своето мислење за решавање на украинскиот конфликт што го најави новиот американски претседател Доналд Трамп.
„Чекаме да видиме што ќе направи Трамп, утре да зборуваме тука од Давос. Шолц и Макрон се состануваат денеска, ги подготвуваат своите одговори, има многу проблеми и многу непознати во равенката. Доколку Трамп постигне прекин на огнот во Украина, сите треба му подигнеме споменик, ќе ја спаси цела планета. Господ нека ни е на помош“, рече српскиот претседател од Давос.
Вучиќ во Давос изјави и дека Србија е на европскиот пат, но дека треба во голема мера да се сврти и кон Азија, бидејќи од таму најмногу ќе се инвестира во наредниот период.
„Ние сме на европскиот пат и важно е нашата земја да ги забрза реформите, владеењето на правото и други работи, но сите бараат излез од економската ситуација што е можно повеќе во Азија и Африка, особено во Азија, па и ние мора да се свртиме на таа страна“, нагласи Вучиќ.
Регион
Продолжуваат потресите во Грција по силниот земјотрес на Лезбос
Продолжуваат афтершоковите по силниот земјотрес на островот Лезбос со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала.
Според властите на островот, нема повредени. Многу жители ноќта ја минаа надвор, во автомобили и шатори, поради честите последователни потреси. Има срушени ѕидови на згради и паднати карпи на патиштата, кои се затворени. Поради безбедност на пожарникарите, властите забранија спасувачка акција во ноќните часови.
Од рано утрово технички екипи ја проверуваат состојбата на јавните објекти. Училиштата ќе останат затворени додека не се потврди дека се безбедни. Според податоците на опсерваторијата во Атина, земјотресот бил на 5 километри длабоко во морето, веднаш до островот.
Според сеизмолозите, епицентарот е познат и пред четири години е регистриран силен земјотрес.
Жителите на островот се предупредуваат да бидат крајно внимателни и да не стојат во близина на предмети што може да паднат.