Регион
Хрватска протера српски дипломат: советникот на Амбасадата на Србија прогласен персона нон грата
Хрватска го прогласи советникот на српската амбасада персона нон грата.
Министерството за надворешни работи на Србија (МНР) вчера го прогласи Хрвој Шнајдер, првиот секретар на хрватската амбасада во Србија, за непожелна личност бидејќи „грубо ги преминал границите на дипломатските норми“, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.
На ваквиот потег на официјален Белград денеска одговори хрватското Министерство за надворешни и европски работи.
„На овој потег реагиравме бргу со реципрочна мерка. Одлучивме советникот на српската амбасада во Хрватска да биде прогласен персона нон грата на Хрватска. Нотата е доставена до амбасадорот и во неа стои дека советникот мора да ја напушти територијата на Република Хрватска“, изјави денеска министерот за надворешни работи и европски прашања, Гордан Грлиќ Радман, пренесува „Дневник.хр“.
„Постапивме во согласност со Виенската конвенција, како и српските власти“, додаде тој.
На прашањето за српските медиуми, кои пишуваат дека хрватскиот дипломат бил протеран под обвинение за шпионажа, тој рече: „Не ги наведоа причините, тоа е за нас релевантно. А другото е шпекулација, како кому му одговара“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Регион
Изгласана новата влада на Хрватска: Пленковиќ по трет пат стана премиер
Пратениците во хрватскиот Сабор вечерва гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ. За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Претседателот и членовите на Владата потоа дадоа заклетва пред пратениците, со што Андреј Пленковиќ го започна третиот последователен мандат како премиер.
Во Собранието денеска беше претставена четиригодишната програма на новата Влада, која се заснова на „успешна, витална, праведна, одржлива и суверена Хрватска“.
Во новиот мандат, владата на Пленковиќ најавува просечна нето плата од 1.600 евра, минимална бруто плата од 1.250 евра, како и отворање на 125.000 нови работни места.
До крајот на мандатот на новата влада, пензиите треба да се зголемат за најмалку 30 отсто, со што просечната пензија би изнесувала најмалку 750 евра.
Новата влада наместо досегашните 16 ќе има 18 министерства и седум потпретседатели.
Регион
Дачиќ и Весиќ: Човечки фактор е причина за судирот на возовите
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека причина за судирот на возовите во тунелот, во кој нема жртви, е човечки фактор, а министерот за транспорт Горан Весиќ изјави дека се повредени 13 патници, од кои четворица се однесена во ургентен центар.
– Возот помина низ безбедносното светло и удри во товарен воз кој чекаше дозвола да оди до станицата Овча – изјави Весиќ.
Дачиќ за новинарите изјави дека често има жртви во несреќи како оваа и дека е вистинска среќа што во денешниот судир нема жртви и што сите патници излегле од возот.
„Најважно е да нема жртви“, изјави Дачиќ за новинарите.
Началникот на Секторот за вонредни состојби на МВР, Лука Чаушиќ, кој излезе на местото на настанот заедно со министрите Дачиќ, Весиќ и директорката на претпријатието „Инфраструктура железнице Србија“ Јелена Танасковиќ, изјави дека во 18 часот и 42 минути добиена е дојава за судирот, по што на терен излегле вкупно 25 пожарникари.
– Пристигнувајќи на местото на настанот во 18 часот и 48 минути, констатирано е дека возот за итни случаи се судрил со патнички воз во тунелот на длабочина од 400 метри од влезот – изјави Чаушиќ.
Тој додаде дека четири лица биле извлечени низ тунелот за евакуација. Дачиќ рече дека најважна улога имаат пожарникарите, бидејќи лекарите од итната помош не можеле да дојдат до патниците.
Министерот за транспорт Горан Весиќ изјави дека деталите за несреќата ќе се знаат кога Комисијата „Железничка инфраструктура на Србија“ ќе објави официјален извештај, кој се очекува во текот на утрешниот ден.