Регион
Хрватски медиуми: Зошто Вучиќ создава најмоќна воена сила во регионот?
Хрватските медиуми пишуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја создава најмоќната воена сила во регионот.
„ Во последно време се почесто се поставува прашањето во регионот – зошто Србија забрзано се вооружува и дали можеме да зборуваме за нова милитаризација на најголемата пост-југословенска држава која беше иницијатор или беше вклучена во сите војни во 90-тите во оваа област. Александар Вучиќ ги зголеми буџетските издвојувања за одбрана од дури 44 проценти, односно српските даночни обврзници ќе жртвуваат нешто помалку од 1,3 милијарди евра за „воените планови” на Вучиќ (што е најголем воен буџет во регионот), и третина од тоа одат за модернизација на армијата и купување ново оружје, што би значело дека Србија, доколку се случи се, би имала најсилна армија во регионот. Сите се прашуваат кој ја загрозува или пак го прави тоа за да шири паника?“, пишува „Јутарњи“.
Порталот наведува дека Србија добила „воени подароци“ од Русија и Белорусија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Тинејџер загина во Будва, со „ситроен“ излетал од патот со двајца патници
Тинејџерот Лазар Ф. (15) загина во неделата во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Будва кога автомобилот што го управувал излетал од патот.
Во незгодата се повредени две лица, од кои едното е полнолетно – Ј. М., а другиот е малолетник – М.М.
Повредените веднаш биле префрлени во болницата во Котор.
Во полициското соопштение се наведува дека несреќата се случила во близина на стадионот, кај плажата Јаз, и се додава дека возилото удрило во дрво.
Тинејџерот управувал автомобил „ситроен“ со будвански регистарски таблички.
Регион
Неписмени гангстери: реакција на Милановиќ по одлуката на Уставниот суд
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ја коментираше одлуката на Уставниот суд за неговата кандидатура.
Медиумите во регионот потсетуваат на одлуката на Уставниот суд во која е заклучокот дека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ не може да учествува во политичките активности на ниту една политичка партија додека ја извршува својата функција. Претседателот на Уставниот суд,Мирослав Шепаровиќ му забранил да биде на избирачкиот список и на кој било начин да учествува во изборната кампања додека е претседател.
„Тоа го направија на гангстерски начин. Тие не ми можат ништо, но јас им можам. Тоа се сељаци, неписмени. Писмен човек, барем тој што завршил автошкола, има проблем со тоа“, рече тој.
Зоран Милановиќ потоа на насобраните во Вела Лука им ја прочитал одлуката на Уставниот суд.
„Најверојатно хрватскиот го научиле во автомеханичарска работилница. Според овие неписмени гангстери, тоа е забрането, но не е“, рече тој.
„Ова мора да се реши на избори. На крајот ќе бидам премиер, но нема да и кажувам на таа банда како. Ќе бидам кандидат на изборите, како што можев да бидам и на европските избори. Јас нема да си дадам мандат. Што е тука спорот, неписмени гангстери“, праша тој.
Собирот на ХДЗ во Лисински го нарече бал на вампирите. Тој рече дека во првите редови имало двајца ректори на државните универзитети.
„Со гангстерите ќе се справиме по изборите“ рече тој.
Регион
Уставниот суд на Хрватска одлучи, Милановиќ не може да се кандидира за функцијата
Хрватскиот Уставен суд одлучи Зоран Милановиќ дека не може да биде на списокот за парламентарните избори.
Актуелниот претседател не може да биде кандидат за премиер.
Во членот 96 од Уставот е предвидено дека претседателот на Републиката не може да врши други јавни или професионални должности. Претседателот на Републиката е непартиско лице и при вршењето на оваа должност не смее да учествува во политичките активности на ниту една политичка партија, што исклучува секаква можност претседателот на Републиката, во контекст на распишаните парламентарни избори, да биде кандидат на листата за избор на претставници или предложен за кандидат за функцијата претседател на Владата на Република Хрватска и во тоа својство да учествува во политичката изборна кампања.