Регион
Чувала ловечка пушка и муниција во спалната: притвор за бабата на детето кое си го уби братот во Младеновац
На бабата на момчето кое го уби неговиот брат во селото Меѓулужје кај Младеновац, Весни Л., судијата на претходна постапка на Вишиот суд во Белград, и одредил притвор кој не може да трае подолго од 30 дена.
Нејзиниот притвор е одреден бидејќи за кривичното дело за кое се товари е предвидена казна затвор над десет години и поради нарушување на јавноста бидејќи се смета дека тоа може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка.
Обвинетата Весна Л. се товари за три кривични дела – недозволено изработување, држење и тргување со оружје, тешко кривично дело против општата сигурност и предизвикување општа опасност.
Постои сомневање дека Весна Л.(56) во спалната соба во семејната куќа без дозвола од надлежен орган чувала ловечка пушка „бокерица“ и муниција калибар 16 мм, како и дека постапила спротивно на прописите за безбедно чување оружје и муниција, за да не можат да пристапат неовластени лица.
На овој начин оружјето им го ставила на располагање на своите малолетни внуци, поради што на 6 јули околу 13 часот и 15 минути во дневната соба од куќата во која живеат нејзиниот 14-годишен внук го убил својот брат, две години помлад, со гореспоменатата пушка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

