Регион
Шефот на НАТО, Столтенберг, наскоро ќе ја посети Србија
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе ја посети Србија во првата половина на октомври и ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пишуваат белградските медиуми повикувајќи се на дипломатски извори.
Посетата на Столтенберг, како што пишуваат, е „деликатна”, а поради околностите во кои оваа средба ќе се случи „ни едната, ниту другата страна не сака” јавно да ги открие деталите во врска со датумот, формат и темата на состанокот, според белградските медиуми.
„Шефот на НАТО од своето стапување на должност отвори простор за различен дијалогот со официјален Белград”, оценува агенцијата „Танјуг“.
Столтенберг досега во неколку наврати „повтори дека НАТО ја почитува суверена одлука за воена неутралност на Србија”, според белградските медиуми, во која се наведува дека српскиот шеф на државата „во неколку наврати ја истакнал важноста на присуството на НАТО во Косово и Метохија, за безбедноста на Србите”.
Белградските медиуми во своите извештаи наведуваат дека Столтенберг и Вучиќ последен пат оствариле контакт во саботата на 29 септември, по повод акциите на специјалните единици на косовската полиција (РОСУ) во северниот дел на Косово.
Вучиќ претходно во саботата нареди ставање на српската војска во состојба на максимална борбена готовност и побара од српскиот МУП сите негови војници се стават на највисока готовност откако претседателот на Косово, Хашим Тачи, во придружба на шеесетина припадници на специјалните единици на Косово (РОСУ) беа во посета на Газивода, каде што живеат мнозинство Срби во северниот дел на земјата.
Белград, како што пишуваат медиумите, настанот во саботата го толкуваше драматично како преземање на хидроцентралата Газивода во северно Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Додик: БИХ е последната колонија во Европа
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека во Босна и Херцеговина постои криза која трае веќе 26 години, во која правата им беа дадени на Србите, а потоа одземени во корист на муслиманите, како и дека Босна и Херцеговина е последната колонија во Европа.
„БиХ е последната колонија во Европа каде што луѓето кои дојдоа однадвор го презедоа раководството, кое никој не го избра на избори. Ние, локалните политичари, само одиме на избори, победуваме или губиме, но оние кои не се од БиХ Тие всушност играат водечка улога“, рече Додик во интервју за Џерусалим пост.
Тој посочи дека дури и Хрватите не се задоволни од ситуацијата во БиХ, но дека муслиманите не сакаат дијалог, туку ги обвинуваат Србите дека повикуваат на конфликт, што не е точно.
Регион
Татко во алкохолизирана состојба ја избол ќерката во Призрен: лекарите се борат за нејзиниот живот
Синоќа, нешто по полноќ, во Призрен е уапсен татко, кој во алкохолизирана состојба со нож ја нападнал својата ќерка (21) и ѝ нанел повреди опасни за животот.
Регионалниот полициски центар во Призрен потврди дека А. Ш. (44) со нож ја нападнал ќерката Е. Ш. по расправија под дејство на алкохол нанесувајќи ѝ повреди на грбот.
Таа е во критична состојба и лекарите во болницата во Призрен се борат за нејзиниот живот.
Случајот е карактеризиран како обид за убиство.
Како што истакнаа, таткото бил во алкохолизирана состојба и по наредба на надлежен обвинител, одредена му е мерка притвор до 48 часа.
Регион
82-годишен маж од Чешка со камера снимал деца без облека на Истра
82-годишен Чех снимал деца без облека во туристички објект во Истра, а го забележал обезбедувач кој повикал полиција, јавуваат локални медиуми.
Полициски службеници ја завршија кривичната истрага за 82-годишен чешки државјанин и утврдија сомнение дека сторил кривично дело искористување деца за порнографија.
Чешкиот државјанин е осомничен дека на 12 јуни околу 13 часот и 50 минути во туристички објект на територијата на ПУ на Истра снимал деца без облека, што го забележало обезбедувањето и повикало полиција. Мажот е приведен во полициска станица. По наредба на надлежниот суд извршен е претрес на камерата и пронајдени снимки со инкриминирачка содржина.
Осомничениот вчера попладнето бил приведен во притвор на ПУ на Истра, информира полицијата.