Регион
Шешељ: Албанците планираат напад на Србите на северот од Косово

Лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ во четвртокот изјавил дека има информации оти Албанците планираат во следните неколку дена „да упаднат со оружје“ во четири општини на северот од Косово, каде мнозинство од населението се Срби, пренесуваат српските медиуми.
„Србите мораат да бидат подготвени да се заштитат од изненаден вооружен напад. Србите не се тие кои провоцираат, кои сакаат инциденти, но доколку некој ги нападне нашите браќа на Косово, Србија тоа не смее да го гледа и да седи со скрстени раце“, рекол Шешељ, додавајќи дека Србија мора да направи „се што е во нејзина моќ“ за да ги заштити Србите на Косово.
Шешељ рекол дека ги изнел своите информации околу „плановите на Албанците“, и дека ги повикува српските власти да реагираат и да ги заштитат Србите. „Важно е Албанците да знаат дека државата ќе реагира за да се избегнат инцидентите“, порачал српскиот политичар./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.