Регион
Шешељ најави повлекување од политиката: српскиот народ двапати ме отфрли

Воислав Шешељ се повлекува од политиката, изјави тој за порталот Б92. Шешељ вели дека на следните избори партијата ќе ја води друг претседател.
„Сега сум во прилично лоша состојба. На новите избори најверојатно партијата ќе ја води нов претседател. Не се чувствувам добро, а српскиот народ веќе двапати ме отфрли на изборите и тоа го видов како крајно време за да се повлечам“, изјави Шешељ за порталот „Ало“.
Прашан дали мисли дека има притисок од странски амбасади да не биде во парламентот по пресудата од Хаг, Шешељ вели дека размислувал за тоа, но нема докази за таква теза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Во Црна Гора армијата гасне пожари: се преврте цистерна, загина војник

Припадник на црногорската армија загинал кога воена цистерна за вода се превртела на патот, дознава порталот ЦдМ. Друг војник е тешко повреден и префрлен во Клиничкиот центар на Црна Гора.
Несреќата се случила околу 13 часот.
„Еден припадник на црногорската армија загинал, а друг добил тешки повреди за време на мисија за гаснење пожари. Несреќата се случила кога цистерната за вода што ја возеле се превртела“, соопшти Министерството за одбрана.
Црногорската армија, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да ги утврди причините и околностите на несреќата.
View this post on Instagram
Во Црна Гора моментно има активни пожари во шест општини – Подгорица, Бар, Будва, Никшиќ, Шавник и Бјело Поље, изјави Миодраг Бешовиќ, генерален директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
View this post on Instagram
Четири авиони моментно се борат со пожарите, а се очекува набргу да пристигне и канадер од Хрватска за да ги гасне пожарите на крајбрежјето. Хеликоптер од Србија исто така е ангажиран во гаснењето на пожарите.
Регион
(Видео) Густ чад го обвива Петровац, сцените од плажата се морничави: Црна Гора сè уште се бори со пожарот

Црна Гора сè уште се бори со пожарот, иако ситуацијата во Чањ и во Буљарица се чинеше дека се смирува, утрово пожарите повторно се разгореа, а над Петровац беа снимени вознемирувачки сцени, кои сведочат за обемот на катастрофата. На социјалните мрежи се појави видео од познатата плажа во Петровац, која е обвиткана во густ чад.
View this post on Instagram
Од 11 август 2025 година Црна Гора се соочува со разорни шумски пожари на неколку локации. Најкритична ситуација е забележана помеѓу Буљарица и Чањ, каде што пожарот, предизвикан од запален автомобил на автопатот во местото Куфин, зафаќа густа вегетација и се шири со голема брзина под влијание на силни северни ветрови.
View this post on Instagram
Во Чањ избувна огромен пожар, а густ чад се ширеше и кон плажите. На утринските снимки може да се видат луѓе како седат под лежалки и чадори или дури и пливаат, а во задина се издига густ облак од чад.
Пожарот се проширил во Бар, а камерите покажаа драматични сцени од гаснење на пожарот од воздух над Буљарица.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Пожари беснеат во Буљарица и Чањ, пожарникарите се борат со силниот ветер и густиот чад

Црна Гора за кусо време беше погодена од катастрофални пожари, од кои најкритични беа во Чањ, Буљарица и недалеку од Подгорица, во населбата Пипери. Пожарот голта сè пред себе, а пожарникарите се борат дење и ноќе за да ги локализираат пожарите. Гаснењето пожари се врши и од воздух, јавуваат регионалните медиуми.
Снимките од гаснењето пожари со помош на хеликоптер над Црна Гора покажуваат колку се драматични сцените, додека чадот ја отежнува видливоста. Пожарникарите вложуваат максимални напори за да го стават пожарот под контрола.
Пожарите што избувнаа на неколку локации околу Подгорица синоќа сѐ уште се активни утрово, а според „Вјести“, најкритичниот е сè уште во Пипери, каде што синоќа избувна ново жариште во Дрезга и во Церовице.
View this post on Instagram
Во текот на ноќта во близина на Чањ пожарот повторно се разгоре поради силни ветрови, густ чад се шири во сите правци, а ветрот дополнително придонесува за ова. Според сателитските податоци од „Гугл мапс“, се проценува дека изгореле 12 квадратни километри.
Пожарите во Црна Гора избувнаа кога автомобил се запали во Буљарица. Пожарот се прошири на непристапен терен и стигна до Чањ, а потоа и до други места.