Регион
Ја тепал и ја давел сопругата, а на детето му ја триел пелената од лицето: семејно насилство во Смедерево

33-годишен маж, со иницијали Д. М., е лишен од слобода по предлог на Основното јавно обвинителство во Смедерево поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство и му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Осомничениот се товари дека во повеќе наврати во текот на мај 2023 година психички и физички ја малтретирал својата сопруга на тој начин што во наведениот период со отворена тупаница ја удрил жртвата по лицето, ја фатил со рацете за вратот и ја оттурнал од него и ѝ упатил многубројни навреди, како и закани за животот.
Во 2010 година со своето дрско и непромислено однесување ѝ се заканувал на малолетната ќерка, која била од претходниот брак, и ѝ ја триел пелената од нејзиното лице викајќи и заканувајќи ѝ се дека неколку дена нема да смее да јаде.
Според Обвинителството, на осомничениот првин му е одредена мерка притвор.
„Доколку кривичното дело е сторено над малолетно лице, казната затвор е од две до десет години“, велат од Основното јавно обвинителство во Смедерево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Еди Рама вети бесплатни нови куќи за оние кои во пожарите ги загубија своите домови

По катастрофалните пожари кои деновиве зафатија делови од Албанија, уништувајќи домови и имоти, премиерот Еди Рама излезе со силно и директно ветување до сите настрадани граѓани. Во објава на социјалните мрежи, тој најави дека државата целосно ќе ги обесштети сите што претрпеле штета, вклучително и бесплатна обнова на секој уништен дом.
„Кој и да го изгубил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, напиша Рама на социјалните мрежи.
Оваа мерка, како што појасни министерот за одбрана Пиро Венгу, ќе се спроведува преку општините. Ќе се формираат посебни комисии за проценка на штетите на куќи, инфраструктура, бизниси и земјоделски култури, по што ќе следува обештетување од општинските фондови за цивилна заштита, поддржани од државниот буџет.
Регион
Шестмина припадници на полицијата се повредени за време на синоќешните протести во Србија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека за време на синоќешните протести имало драстично нарушување на јавниот ред и мир и брутален напад врз полицијата, и дека, според досегашните податоци, повредени се шестмина припадници на полицијата.
„Шест полицајци се повредени, според информациите што ги имаме во моментов, а 38 лица се приведени. Секој можеше да види во преносот во живо дека имало брутален напад врз полицијата, дека демонстрантите дошле со намера да ги нападнат полицајците, да ги повредат“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека вечерта немало поддржувачи на Српската напредна партија, што, како што рече, не ги спречило демонстрантите да ги нападнат просториите на таа партија низ цела Србија, и додаде дека на некои места биле нападнати и просториите на Социјалистичката партија на Србија.
Регион
Пронајдени се лицата кои исчезнаа во Грција

Никола Стефановиќ (31) и Марта Илиќ (19), кои исчезнаа во Грција, се пронајдени, како што потврди за Блиц нивниот пријател Милан Атанасковиќ, со кого го напуштиле Лесковац.
Двајцата биле пронајдени во Сер.
– Тие свртеле погрешно, се наоѓаат на 125 километри од местото каде што се упатија. Ја поминале ноќта во парк, дури денес нашле ви-фи и ме контактираа – изјави тој за „Блиц“.
Претходно српските медиуми објавија за нивното исчезнување.
„Тие отидоа со нас во Грција, требаше да прстојуваме стан до стан на истото место. Никола е пријател на татко ми, го замолил да оди пред него, да го следи, не го знаел патот. Сè беше во ред низ Србија и Северна Македонија, влеговме во Грција“, вели Јелена Стојиљковиќ за „Блиц“.
Откако направиле пауза на бензинска пумпа во Грција, го продолжиле своето патување.
Кога стигнале до втората рампа на автопатот кон Олимпик бич, Никола и Марта исчезнале.