Европа
Ја убил сопругата со ловечки нож, го фрлил телото во јама и со месеци ги лажел децата, нова казна за убиецот од Хрватска
Високиот кривичен суд на Република Хрватска донесе пресуда со која ја одби жалбата на обвинетиот Зоран Буила (52), познат како Барикада, од Петровац, недалеку од Вуковар, кој беше осуден за бруталното убиство на неговата сопруга Аница (46) и делумно ја прифати жалбата на државниот правобранител и ја преиначи одлуката за казната, пресудата на Жупанискиот суд во Вуковар и обвинетиот за убиство го осуди на 20 години затвор, што е максималната казна пропишана за тоа кривично дело.
Обвинетиот е осуден бидејќи по кратка вербална и физичка расправија со ловечки нож со должина на сечилото од 14 сантиметри и нанел повеќе убодни рани на сопругата во пределот на абдоминалниот дел и белите дробови, при што таа веднаш починала од здобиените повреди. Потоа и го завиткал телото во две ќебиња залепени со селотејп трака, а околу вратот и врзал електричен кабел на чиј крај врзал парче бетон и го фрлил во септичката јама во дворот од семејната куќа.
Со првостепената пресуда е осуден на 17 години затвор.
Високиот кривичен суд на Република Хрватска утвридл дека првостепениот суд погрешно му придал големо значење на олеснителните околности (неосудување) а ги потценил исказите дека делото е извршено против сопругата како и околностите на дејствијата на обвинетиот по извршувањето на кривичното дело убиство (прикривање на извршување на кривично дело особено на децата и семејството на починатиот, фрлање на мртвото тело на неговата сопруга во септичка јама, префрлајќи ја вината на починатата сопруга со тврдење дека го запоставила него и домашните работи и го „провоцирала“, и дека тој имал „жолта минута““ па ја убил поради тоа).
По убиството, обвинетиот речиси четири месеци ги лажел загрижените деца и родителите дека сопругата го оставила и заминала кај љубовникот, покажувајќи им ги лажните пораки што си ги праќал со вметнување на нејзината мобилна картичка во мобилниот телефон.
Ваквиот однос на обвинетиот кон жртвата, која очигледно психички и физички ја малтретирал во текот на животот (како што верно го опишуваат нивните деца – „дека живееле под воен режим и воена чизма“) укажува на неговото зголемено ниво на бруталност и бесчувствителност што е особено отежнувачка околност и која судот не ја ценел со доволно внимание иако е утврдено во самата постапка , пренесуваат медиумите во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

