Регион
Фуле: Кризата да се надмине пред моето доаѓање во Тирана
Комесарот за проширување на ЕУ Штефан Фуле во пресрет на утрешното пристигнување во Тирана, упати порака до албанските политичари да ја решат политичката криза пред неговото пристигнување во Албанија.
Комесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе во пресрет на утрешното пристигнување во Тирана, упати порака до албанските политичари да ја решат политичката криза пред неговото пристигнување во Албанија.
Албанските медиуми пренесуваат дека Филе изразил надеж за надминување на кризата и за успешно спроведување на започнатите реформи за нејзино интегрирање во ЕУ.
Аналитичарите наведуваат дека денеска се очекува одлуката со која ќе се надмине политичката криза во земјата, а доколку тоа не се случи опозицијата ќе почне со протести за соборување на владата на Сали Бериша.
Во петок предвидено е Филе да се сретне со шефот на албанската држава Бамир Топи и со лидерите на двете најголеми партии./крај/мн/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Објавен идентитетот на напаѓачот од Цетиње: бега од полицијата, вооружен е и опасен
Осомничениот за денешното повеќекратно убиство во Цетиње е Ацо Мартиновиќ (45) од тој град, кој се уште е во бегство.
Како што објави порталот на Радиотелевизија на Црна Гора, тој убил најмалку седум лица, од кои две деца. Неколку лица се ранети. Според неофицијални информации тој убил и одредени членови од своето семејство, пренесуваат тамошните медиуми.
Според информациите на порталот cdm.me кој ја објави неговата фотографија, Мартиновиќ по расправија во кафуле во Цетиње убил неколку лица и побегнал со темносино комбе „фиат“.
Фотографијата потоа ја објави црногорската полиција, според написите.
Од полицијата посочуваат дека осомничениот е вооружен и опасен.
Полицијата апелира до граѓаните на Цетиње да останат смирени и да останат во своите домови, додека сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат мерки од нивна надлежност за ставање на ситуацијата под контрола и изведување на сторителот пред лицето на правдата.
Регион
(Видео) Пукање во Цетиње: Убиени неколку лица, напаѓачот во бегство
Во ресторан во Цетиње денеска во попладневните часови А.М. со употреба на огнено оружје им ги одзеде животите на неколку лица, пренесува „Побједа“.
Вооружен го напуштил објектот и побегнал.
„Апелираме до граѓаните на Цетиње да останат присебни и да останат во своите станбени објекти, додека сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат активности од нивна надлежност со цел да ја стават ситуацијата под контрола и да ги гонат сторителите“ соопшти полициската управа.
„Ја информиравме јавноста дека се работи за ситуациски настан, кој не е резултат на разбивање на високоризични организирани криминални групи.
За решавање на оваа кризна состојба на терен се испратени специјални полициски единици“, соопшти Управата на полицијата.
Беше соопштено дека најпрвин дошло до тепачка во кафеана на периферијата на Престоница, по што бараниот извадил оружје и пукал.
Радио Цетиње пишува дека неколку лица, меѓу кои и две деца, загинале во крвавиот напад што се случил денеска попладне во кафеана во Цетиње, кога осомничениот чиј идентитет и е познат на полицијата убил четворица мажи, ранил двајца, а потоа побегнал.
Радио Цетиње пишува дека недолго потоа било објавено дека во друга населба убил две деца и ранил една жена. Полицијата наведува дека се работи за А.М. од Цетиње, по што трагаат.
Регион
Вучиќ: Центрите на моќ во Загреб, Сараево и Приштина нема да ја сменат власта во Србија
Претседателот на Србија Александар Вучиќ им порача на центрите на моќ во Загреб, Сараево и Приштина дека „залудно се надеваат и нема да ја сменат власта во Србија“.
Вучиќ рече дека за утре е закажан состанок со американски претставници за енергетиката и рече дека српската страна ќе се бори за зачувување на енергетиката на Србија и секоја друга стабилност.
„Утре ќе имаме значајни разговори со нашите американски партнери од врвот на американската политика за енергетиката, а особено за санкциите против српската нафтена индустрија. Ќе се бориме за интересите на нашата земја, но во исто време и за зачувување на стабилноста во снабдувањето со нафта и нафтени деривати на нашиот пазар и во обновата, не само опстанокот, туку и забрзаниот напредок на нашата земја – изјави Вучиќ во видео порака на Инстаграм.
Претседателот на Србија додаде дека годинава очекува раст во автомобилската индустрија.
– Сигурен сум дека со заедничка огромна енергија во сите други области од општественото живеење, од градежништвото до земјоделството, можеме да направиме огромни чекори напред. Верувам во работата, верувам во трудољубивоста на нашиот народ и сигурен сум дека заедно можеме да го постигнеме резултатот што го зацртавме, а тоа е да бидеме најуспешната или најбрзо растечката економија во Европа во 2025 година – рече Вучиќ.
– П.С. Мојата порака до центрите на моќ во Загреб, Сараево и Приштина: Среќна Нова година и залудна надеж, нема да ја смените власта во Србија – напиша Вучиќ.