Регион
И Црногорците во Авганистан

Црногорскиот парламент вчера го изгласал планот за испраќање 40 војници во мировната мисија на НАТО во Авганистан, што претставува првпат црногорските војници да се придружат кон НАТО мировниците
„Војската и медицинскиот персонал ќе бидат испратени на почетокот на следната година, додека двајцата офицери што треба да се приклучат кон германската команда, ќе одат во текот на септември и октомври 2010г.“, изјавил црногорскиот министер за одбрана, Борислав Вучиниќ.Опозицијата во парламентот гласала против оваа одлука, изразувајќи сомнеж во уверувањето на Вучиниќ, дека војниците „ќе бидат сигурни во областите на низок ризик“.„Таму постојат мноштво ризици“, рекол Василије Лалошевиќ од опозиционата Социјалистичка народна партија, додавајќи дека покрај интерните несогласувања и нападите од талибаните, областа претставувала и рај за производството на опиум.Црна Гора, која е веќе членка на програмата на НАТО за партнерство за мир, се стреми кон членство во НАТО, но јавното мислење покажало дека само 35 проценти на населението го поддржува таквиот чекор, наведува една британска агенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.