Контакт

Регион

Басеску повторно претседател на Романија

Објавено пред

Досегашниот романски претседател освои 50,37 отсто гласови, а неговиот противкандидат Мирчеa Џоана 49,62 отсто, покажаа последните официјални резултати по пребројување на 99,13 отсто од гласачките ливчиња

dobivaj vesti na viber

„Трајан Басеску победи на изборите, заедно со својот сојузник – романскиот граѓанин. Басеску е новиот претседател. Басеску ја победи најголемата коалиција некогаш формирана против еден човек“, изјави првиот заменик-претседател на Демократско-либералната партија, Адријан Видјану.Кандидатурата на неговито противкандидат Мирчеа Џоана беше поддржана од Националнолибералната партија, од Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија, од партијата Нова генерација на Џиџи Бекали и од националистите од Партијата Голема Романија. Повеќе од 78 отсто од Ромаците кои живеат во странство гласале за Трајан Басеску, покажува неофицијалните резултати. За Басеску гласале 115.831, а за Џоана 31.045 Романци кои живеат во странство. На 294 избирачки места во странство гласаа повеќе од 147.600 Романци.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Се запали градинка во Загреб – пожaрот избил од клима уредот

Објавено пред

Пожар изби попладнево во градинка во Загреб.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на хрватските медиуми, причина за избувнување на пожарот е палење на клима уредот.

Првата личност која се обидела да се справи со огнот била жена која го гаснела со ПП апарат. Во меѓувреме сите деца навреме го напуштиле објектот и биле испратени на безбедно.

Пожарот се проширил низ една од просториите, а неговото натамошно ширење го спречиле загрепските пожарникари, кои дојавата за пожарот ја добиле околу 16:55 часот.

Допрва ќе се утврдуваат околностите под кои избил пожарот во градинката.

Прикажи повеќе...

Регион

Пленковиќ: Моето семејство е длабоко трогнато од фактот што се сретнавме со папата во неговите последни часови

Објавено пред

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ упати сочувство по повод смртта на светиот отец Франциско до кардиналот Кевин Фарел, Камерленго на Светата Римска црква.

dobivaj vesti na viber

„Во името на Владата на Република Хрватска и во мое лично име, изразувам длабоко и искрено сочувство за смртта на Светиот Отец Франциско, чиј животен и духовен пат оставија неизбришлива трага во современиот свет.

Хрватскиот народ, кој чувствува блискост и длабока почит кон папата Франциско од самиот почеток на неговиот понтификат, денес жали за загубата на човекот со вера, едноставност, понизност и сила.

Тој остави длабока трага не само на Католичката црква, туку и на меѓународната заедница. Неговиот постојан повик за солидарност, милост и блискост со исклучените, заборавените, сиромашните и болните инспирираше и поттикна милиони луѓе ширум светот на акција.

Имав особена чест да се сретнам лично со Светиот Отец вчера на Велигден, во Неговите последни часови, заедно со мојата сопруга и нашите три деца. Тоа беше краток, но длабоко трогателен момент – средба исполнета со добрина, насмевки и благослови кои ќе останат трајно врежани во сеќавањето на целото мое семејство како скапоцен подарок во моментот на збогување.

Република Хрватска и хрватските верници остануваат благодарни за сè што беше и направи папата Франциско – за Црквата, за светот и за секој од нас“, напиша Пленковиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Папата Франциско ќе биде вечна инспирација

Објавено пред

Светот изгуби исклучителен духовен водач кој ширеше љубов, мир и солидарност преку своето апостолско дело, објави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по повод смртта на папата Франциско, оценувајќи дека животот на папата посветен на верата, љубовта и служењето на другите треба да биде инспирација за целиот свет.

dobivaj vesti na viber

На платформата Х, Вучиќ истакна дека работата на папата Франциско за зајакнување на меѓурелигискиот дијалог и неговата посветеност на хуманизмот оставиле неизбришлива трага во историјата. „Папата Франциско беше гласник на надежта и помирувањето, секогаш во служба на најранливите, а неговото заминување е загуба и тага за сите нас, бидејќи својот живот го посвети на верата, љубовта и служењето на другите. Тој ќе биде вечна инспирација за сите нас“, рече тој.

Вучиќ, во име на граѓаните на Република Србија и во свое лично име, изрази длабоко сочувство до Римокатоличката црква и до сите верници ширум светот. „Нека му е вечна слава“, напиша тој на социјалната мрежа Икс.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Пресудата е политички мотивирана, рече Јакимовски кој е осуден на три и пол години затвор

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски е изненаден од пресудата со која е осуден на затворска казна од три и...

Македонија10 часа

Работниците што не добиле покачување на платата за март од 4.000 денари може да тужат, ССМ обезбедува и бесплатна правна помош

Тужби до работодавците може да поднесат сите работници кои со мартовската плата не добиле покачување од 12,6 % колку што...

Македонија12 часа

Не е време за пиво и скара, туку за протест за 500 евра минимална плата и 100 евра зголемување на другите плати, повика ССМ

Овој Први мај, место марш, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави протест оти платите се мизерни, најниски во регионот,...

Македонија13 часа

Пет пациенти денеска се враќаат од Србија, во странство хоспитализирани уште 38

Министерството за здравство информира дека денеска пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани ќе се вратат од лекување од...

Македонија13 часа

Таравари не може и да соработува со ДУИ и да биде дел од Владата, вели Меџити

Министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити очекува министерот за здравство Арбен Таравари и лидер на Алијансата за Албанците,...

Македонија14 часа

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Реформите во правосудниот сектор се најитни. Без нив, сите други реформи се безвредни, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, нема...

Македонија14 часа

Голема полициска акција на повеќе локации: сомнение за кривични дела на штета на Фондот за здравство

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, МВР спроведува координирана акција на повеќе локации во државата. Како што извести...

Македонија15 часа

Скопјанец обвинет за демнење: ја следел својата поранешна сопруга, психички ја вознемирувал и ја застрашувал

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Демнење од...

Топ15 часа

Кривична против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид: ја оштетил установата за 150 илјади денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишниот Г.С. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно...

Македонија16 часа

(Фото) Спречени обиди за шверцување парфеми, тутун, облека со потпис на познати модни брендови

На Меѓународен Аеродром Скопје државјанин на Обединети Арапски Емирати родум од Индија се обидел да криумчари во државата 76 парфеми....

Македонија16 часа

Колку милиони евра однесоа Заев и Филипче во Дубаи, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„И по неколку дена сè уште молк од СДС дали Филипче исто како и Заев поседува златна виза во Дубаи...

Македонија16 часа

„Љутков ги гази колективниот договорот и правата на културните работници“, велат од СДСМ

„Вчерашното интервју на министерот Љутков, во кое без срам го нарече колективниот договор за култура „незаконски“, е директен напад врз...

Европа17 часа

Масовен руски напад врз украинскиот регион, девет загинати, 30 повредени

Руско беспилотно летало удрило во автобус со работници во украинскиот град Марханец рано утринава, при што загинале најмалку девет лица...

Македонија17 часа

ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците – секој молк денес е соучесништво утре

„Демократската унија за интеграција остро реагира на последните скандалозни информации поврзани со Инспекторатот за примена на Законот за употреба на...

Европа18 часа

Путин призна дека Русија напаѓа цивилни цели во Украина, го обвини киевскиот режим дека користи жив штит, објави „Медуза“

Владимир Путин во понеделникот призна дека Русија повеќепати напаѓала цивилни цели во Украина тврдејќи дека цел на овие напади биле...

Свет18 часа

(Видео) Трамп: Значително ќе ги намалиме царините за Кина, но тие нема да одат на нула

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера сигнализираше можност за олеснување на трговската војна со Кина, велејќи дека високите царини за кинеските...

Свет19 часа

Израелската војска: Од Јемен е лансирана ракета кон Израел

Израелската војска во средата објави дека „најверојатно успешно пресретнала“ ракета истрелана од Јемен кон Израел. Поради лансирањето на ракетата, прогласена...

Македонија1 ден

Судот ја одби гаранцијата од милион евра на Асмир Јахоски

Судот ја одби гаранцијата од еден милион евра на бизнисменот Асмир Јахоски, осомничен за перење пари, во замена да биде пуштен...

Македонија1 ден

Културните работници на протест: Се надеваме дека платата за март ќе ја добиеме барем пред првомајските празници, стигнаа нови насоки

Голем број вработени во институциите од културата денес точно напладне излегоа на протест пред Министерството за култура, кое ги принуди,...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Ако се обединиме на патот кон ЕУ, нема пречка што нема да ја совладаме

Патот кон Европската унија трае предолго, но не смее да се откажеме, мораме да се обединиме бидејќи кога сме заедно...