Регион
Обвинет бившиот бугарски министер Нихад Кабил

Поранешниот бугарски министар за земјоделие Нихад Кабил е обвинет дека ја злоупотребил службената положба со што и нанел штета на државата во висина од 59 милиони евра
Кабил во времето на својот мандат одобрил размена на 120 хектари земјиште со јавни шуми за земјиште со многу помала вредност, наштетувајќи и на државата за 115, 6 милиони лева ( 59 милиони евра), соопшти Јавното обвинителство.Бившиот министер Кабил кој е и член на партијата на турското малцинство МДЛ, по пуштањето на слобода со кауција, пред медиумите се изјасни за невин.Наследникот на Кабил, Валери Цветанов кој беше министер за земјоделство до 2009 година, исто така беше обвинет во септември минатата година за 15 слични случаи на размени на земјишта.Под истрага се наоѓа и бившиот директор за национални шуми Стефан ЈуруковДо сега не е изречена ни една пресуда по ова прашање а бугарскиот печат повеќе пати пишуваше за разни контраверзни размени на јавно земјиште во последните години.Според бугарските медиуми атрактивното земјиште на крајбрежјето на Црното море е разменувано за помалку вредно земјиште во внатрешноста на Бугарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.