Регион
Во Турција 16 загинати во автобуска несреќа
Шеснаесет руски туристи загинале а 25 се повредени во вторник во сообраќајна несреќа во јужна Турција, влизу Анталија
Несреќата се случила кога автобусот со туристите кој патувал од Аланија кон централна Турција иизлатал до патот и се превртел во реката, изјавил заменик гувернерот на покраината Анталиај, Мехмет Сејман. Тој додал дека спасувачките екипи се уште ги извлекуваат мртвите од остатоците од хаварисанот автобус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поради снег десетици илјади корисници без струја во Босна и Херцеговина, екипите на терен од рано наутро
Обилните снежни врнежи кои денеска ја зафатија Босна и Херцеговина предизвикаа големи проблеми во електродистрибутивната мрежа, па десетици илјади корисници се без струја, потврдија дистрибутивните компании во Босна и Херцеговина.
Електропривреда БиХ, чие седиште е во Сараево, објасни дека во текот на утрото дури 180.000 нивни корисници останале без струја, главно во областа на округот Унско-сана, каде што наставата во сите училишта морала да биде откажана.
Иако сите расположливи екипи беа на терен од утринските часови, до 12 часот успеаја да обноват само две третини од оштетената дистрибутивна мрежа.
Најпогодени корисници беа во Бихаќ, Босанска Крупа, Чазин, Сански Мост и Велика Кладуша.
Слична беше ситуацијата и во округот Тузла, каде што поширокото подрачје Челиќ, Градачац и Грачаница остана без струја.
Регион
Брнабиќ: Следната година носи многу предизвици за Србија и регионот, целта е влез во ЕУ
Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, денеска, на отворањето на амбасадорската конференција во Белград рече дека следната година ќе донесе многу предизвици за Србија и регионот.
Според неа, главната надворешнополитичка цел на Србија е да стане дел од европското семејство, односно да продолжи да ги исполнува критериумите за членство во Европската Унија.
„Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, постави цел да се завршат сите внатрешни реформи до крајот на 2026 година, а во тоа важна улога има парламентот. Ова е предизвикот пред нас, во кој ние мора да ги зачуваме нашите национални интереси, Србија го избра српскиот пат, кој секако е најтежок, но претставува најдобра опција за нашите граѓани“, рече Брнабиќ.
Таа додаде дека Србија, покрај европскиот пат, се стреми да ги зајакне односите со своите традиционални пријатели и да создаде посилни врски со земјите што ќе бидат клучни за иднината.
„Пред сè, мислам на африканскиот континент. Соработката со сите земји во светот е наш приоритет бидејќи тоа ќе донесе придобивки за сите наши бизнисмени, земјоделци и целата нација“, рече Брнабиќ.
Регион
(Видео) Снегот го парализира сообраќајот во Хрватска, проблеми и во БиХ, каде што откажана е и настава
Снегот што паѓа во делови од земјите во регионот предизвика сериозни проблеми во сообраќајот во Хрватска и Босна и Херцеговина, a и делови од земјата се под снег.
Патиштата се влажни, а некои патишта се затворени за сообраќај, особено за товарни возила.
Поради бурните ветрови и провејувањето на снегот, густиот сообраќај и метежот на повеќето патишта во Лика и Горски Котар, Хрватскиот автомобилски клуб ги советува возачите да го одложат патувањето додека не се подобрат условите.
Во поголемиот дел од Хрватска патиштата се влажни или влажни и лизгави, а снегот паѓа на северното хрватско крајбрежје, делови од централна Хрватска, Славонија и далматинската заедница. Повеќето државни патишта во Лика се затворени за сите групи возила поради снежни наноси и бурен ветер.
Суспендирани се многубројни линии на траектите, катамарани и бродовите. Можни се услови за мраз, особено на мостовите и надвозниците во внатрешноста. Возачите се предупредуваат да ги приспособат брзината и стилот на возење на условите на патот и да не излегуваат на патиштата непотребно.
Snijeg je pao i u sjevernijim dijelovima Hercegovine, oko Gacka i Nevesinja. Ako je suditi po onome što nam vozači kažu putne službe su ponovo iznenađene. Snijega ima na kolovozu a bilo je i onih koji ostaju zaglavljeni. @AtvBanjaluka pic.twitter.com/bZbCnQJEfS
— Bojan Nosović (@BojanNosovicATV) December 23, 2024
Поради зимски услови и бурни ветрови, во моментот нема слободна траса за камиони со приколки и трактори со полуприколки во правец на Риека/Истра и Далмација и обратно.
Снегот што почна да паѓа предизвика проблеми во Бања Лука, каде што сообраќајот се одвива отежнато од раните утрински часови. На западниот транзит се формираа големи линии возила. Патиштата се слабо исчистени, а има голомразица поради што возењето е бавно. Откажана е и наставата во некои делови.
Snijeg otežao saobraćaj u Banjalucihttps://t.co/fQoGhZ1I1c
— Vijesti365 (@Vijesti_365) December 23, 2024
Покрај снегот, проблем е и мразот. Снег паѓа во поголемиот дел од БиХ, што го забавува сообраќајот и го отежнува движењето на возилата на планинските превои.