Регион
Хрватска и формално ги затвори преговорите со ЕУ
Хрватска денеска, на последниот ден на унгарското претседателство со ЕУ, во Брисел ги затвори последните четири поглавја на пристапните преговори, со што се отвори патот по ратификацијата на пристапниот договор да стане 28-та членка на унијата на 1-ви јули 2013 година
Хрватска денеска, на последниот ден на унгарското претседателство со ЕУ, во Брисел ги затвори последните четири поглавја на пристапните преговори, со што се отвори патот по ратификацијата на пристапниот договор да стане 28-та членка на унијата на 1-ви јули 2013 година„Сакам да и честитам на Хрватска, идната 28-ма членка на Унијата“, изјави шефот на унгарската дипломатија Јанош Мартонји, кој ја предводеше европската делегација. Тој, при тоа, изрази надеж дека пристапниот договор ќе биде потпишан до крајот на полското претседателство со Унијата, кое започнува утре. Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Јандруковиќ овој ден го нарече историски за Хрватска, а на новинарите им се обрати на хрватски јазик. Тој истакна дека Хрватска денеска е многу подобро место за живеење на нејзините граѓани.„Во 20-те години на независност Хрватска драстично се промени. Направи импресивен напредок кон исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ. Тоа денеска е наградено“, од своја страна изјави еврокомесарот задолжен за проширување на Унијата, Штефан Филе. Тој додаде дека на хрватскиот пат кон евроинтеграциите Европската комисија била чесна и стриктна, однесување со кое и натаму ќе се гордее. Филе истакна дека денешниот настан ќе даде голем придонес „кон кредибилитетот на проширувањето“. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

