Регион
Романија губи милијарди евра поради неплатен данок на алкохол

Романија во последните осум години изгубила 4,5 милијарди евра поради неплаќање на данокот за алкохол, соопшти Здружението на производителите на алкохолни пијалаци ГАРАНТ.
Романија во последните осум години изгубила 4,5 милијарди евра поради неплаќање на данокот за алкохол, соопшти Здружението на производителите на алкохолни пијалаци ГАРАНТ. Од ова Здружение побараа построги контроли во овој сектор. Според зборовите на претседателот на ГАРАНТ, Раду Морариу, неко компании алкохолните пијалаци кои ги произведуваат ги означуваат како козметички производи или не ги пријавуваат вистинските состојки и на тој начин избегнуваат да платат данок, пренесува агенцијата АФП. Тој истакна дека несовесните производители, покрај штетите кои му ги прават на буџетот на државата, ги загрозуваат и легитимните производители на алкохолни пијалаци и претставуваат опасност по здравјето на потрошувачите. Здружението на земјоделците Агристар се закани со улични протести во септември, доколку владата итно не превземе мерки со кои ќе го регулира работењето во секторот на алкохолни пијалаци. крај/afp/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес ја погоди Света Гора, почувствуван на Халкидики и во Солун

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени е регистриран попладнево во морската област на Света Гора.
Според Геодинамичкиот институт и Сеизмолошката станица на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, епицентарот на потресот бил на 7 километри западно од Кареја, на длабочина од 12,5 километри.
Како што јавуваат грчките медиуми, силниот земјотрес го потресе целиот регион Халкидики, како и градот Солун. Бил почувствуван и на крајбрежните области на Кавала и Тасос.
Регион
Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во четврток, 5 јуни, во 07:18 часот во Егејското Море, Грција.
Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 30 km NW of #Mýrina (#Greece) || 3 min ago (local time 08:18:38). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/4qdLSErCCL
— EMSC (@LastQuake) June 5, 2025
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Регион
Србинка извлечена мртва од морето во Грција, наредена обдукција: детали за ужасот на Халкидик

Седумдесет и тригодишна жена од Србија била извлечена во несвест од морето на полуостровот Касандра во Грција и однесена во болница, каде што била прогласена за мртва, објавија грчките медиуми.
Сè се случило во градот Сивири на Халкидик, популарно одморалиште кај туристите од регионот.
Таа беше извлечена од морето во средата попладне.
Веднаш беше известена Пристанишната управа на Неа Мудања, а 73-годишната жена беше пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар во Касандра, каде што беше констатирана смрт.
Вториот оддел на пристаништето Неа Мудања, при Централната пристанишна управа на Солун, која ја спроведува прелиминарната истрага, нареди обдукција во Службата за судска медицина во Солун.