Регион
Бугарија: ЦИК поништи регистрација на 12 партии за локалните избори

Бугарската Централна изборна комисија (ЦИК) ја ревидирала и избришала регистрацијата за учество на локалните избори на 12 партии, соопшти интернет страницата на комисијата.
Бугарската Централна изборна комисија (ЦИК) ја ревидирала и избришала регистрацијата за учество на локалните избори на 12 партии, соопшти интернет страницата на комисијата. Причината е проверката на Главната дирекција „Граѓанска регистрација и административна услуга (ГРАО), која утврдила дека овие партии собрале помалку потписи од задолжителниот законски минимум од 7 илјади.Досега ЦИК соопшти дека ги брише партиите „Движење Нашиот град“ и Бугарскиот граѓански форум ЗБОРИМ, а четири групации добиле откажување од регистрација, на локалните избори поради пропусти во подадените документи. По бришењето на уште 10 партии , регистрација за локалните избори добиваат 68 од вкупно 84 партии, кои поднеле документација за кандидатите и избирачките листи.Меѓу новите десетте избришани партии се „Национално движење Единство“ чиј лидер е Никола Иванов, директор на компанијата „Бусер инженеринг“ која произведува локомотиви и вагони. „Партија на бугарските жени“ на Весела Драганова, која беше носител на мандатот на владата на Симеон Саксобурготски (2001-2005 година), исто така е меѓу избришаните.Другите се „Движење за европска интеграција“, „Обединување на бугарските патриоти“, „Родољубие 2000“, !Социјалистичка партија бугарски пат“, „Штит“, „Обединување на бугарските националисти“, „Целокупна Бугарија“, „Сојуз на комунистите во Бугарија“ и „Национално движење за спас на татковината’./крај/дн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Маж фрли молотов коктел врз Куќата на цвеќето, го фати обезбедувањето

Белградската полиција го уапси 55-гпдишниот Г.М. под сомнение дека фрлил молотов коктел врз Куќата на цвеќето, објави српски Телеграф. По наредба на обвинителството, му е одреден притвор до 48 часа.
Тој е осомничен дека се обидел да го запали Музејот „25 Мај“, местото каде што е погребан поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, околу 6 часот утрово.
Човекот е уапсен по интервенцијата на полицијата. Нема повредени.
Пожарот ја оштетил влезната врата од Куќата на цвеќето. Според Телеграф, полицијата била повикана од обезбедувач. Тој пријавил дека еден човек дошол пред Музејот, најверојатно држејќи молотов коктел, и се заканувал дека ќе ја запали зградата.
„Се приближил до зградата и фрлил запалива течност. За среќа, обезбедувачот го фатил и ја повикал полицијата“, пишува Телеграф.
Неофицијално, се дознава дека човекот при апсењето рекол дека сакал да го запали „усташкото гнездо“.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Изгоре луксузна јахта во Будва: сопственикот бил на бродот кога избувнал пожарот

Црногорските противпожарни екипи го изгасија пожарот што избувна на јахта во марината во Будва.
Ова за црногорски „Вијести“ го потврди и раководителот на Службата за заштита и спасување на Будва.
Полициската управа соопшти дека околу 20:15 часот во неделата, полицијата во Будва била известена од сопственикот на јахта закотвена во пристаништето во Будва дека избувнал пожар додека сопственикот бил на бродот.
Јахтата е во сопственост на бизнисменот Б. М., а полицијата објави дека сопственикот на јахтата рекол дека пожарот најверојатно се случил поради дефект.
Пловилото било извлечено од пристаништето откако избувна пожарот кратко по 20 часот, заради безбедност на другите бродови. Седум екипи беа ангажирани за гаснење на пожарот.
фото: принтскрин
Регион
Турист почина кај Неа Врасна, бил извлечен од морето

61-годишен државјанин на Србија трагично почина во морската област Неа Врасна во близина на Солун.
Мажот бил извлечен во бесознание од морето денес напладне. Според соопштението на крајбрежната стража, тимот за итни случаи на ЕКАБ веднаш му укажал прва помош, но без успех, по што телото било префрлено во Здравствениот центар Неа Мадита.
Прелиминарната истрага ја води Вториот оддел на пристаништето Ставрос на пристанишната управа на Јерисос, кој нареди обдукција за да се утврди точната причина за смртта, пренесува „Прототема“.