Регион
Грчките конзевративци водат во анкетите
Грчката конзервативна партија Неа демократиа којашто ги поддржува строгите мерки за штедење во замена за финансиската помош од ЕУ и ММФ, го презема водството од радикалната левица Сириза, покажуваат во четвртокот објавените анкети, први откако беа распишани повторените избори за 17-ти јуни.
Кога во моментов би се одржале изборите, Неа демократиа би освоила 26,1 отсто од гласовите, а Сириза 23,7 отсто, се наведува во анкетата којашто меѓу 15-ти и 17-ти мај ја спровела агенцијата MARC/Alpha.
Според овие разултати Неа демократиа би освоила 123 места во грчкиот парламент, а социјалисте од ПАСОК коишто исто така го поддржуваат планот за строги мерки за штедење договорени со меѓународните кредитори од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, би освоиле 41 пратенички мандат. Првото место на изборите носи и дополнителни 50 пратенички места, такк што Неа деократиа и ПАСОК би имале стабилно мнозинство во 300-члениот парламент на Грција.
Поддршката за левицата на изборите од 6-ти мај нагло се зголеми, но откако Сириза и другите партии одбија да учествуваат во владата на националното единство, поддршката почна да опаѓа.
Пред почетокот на преговорите во првата анкета по одржувањето на предвремените парламентарни избори во Грција, Сириза имаше поддршка од 27,7 отсто од избирачите што во тој момент и’ овозможуваше победа на новите избори./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во регионот на Параќин
Републичкиот сеизмолошки завод денеска регистрираше земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала во регионот на Параќин.
Според веб-страницата на Сеизмолошкиот завод, земјотресот е регистриран во 15:38 часот.
„Теоретскиот интензитет во епицентарот беше проценет на ниво V од Меркалиевата скала. Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат многу мали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје“, наведуваат од Републичкиот сеизмолошки завод.
Медиумите објавија дека потресите се почувствувале во Крушевац, Крагуевац и Сврљиг.
Регион
Џенан од БиХ загубил девет членови на семејството во поплавите: „Дури сега гледате колку сте биле среќни“
Џенан Имамовиќ од Јабланица загубил девет члена од семејството, брат, сестра, нивните сопружници и деца во поплавите.
„Сестра, зет, син и снаа, брат и неговата сопруга, син, ќерка и зет. Единствена светла точка што ја имаме е малиот Еди, синот на Еди, кој преживеа, по Божја волја го нашол соседот“, раскажува потресениот Имамовиќ за N1 БиХ.
Во урнатините го видел телото на својата сестра. Моментално се спасува, а потрагата по неговиот братучед се уште трае. Неговата куќа не е оштетена во катастрофата.
“Дрвјата некако го ублажија ударот. Татко ми користеше камен за да ја изгради куќата во 1960-тите. Куќата на брат ми беше исто толку добро изградена, сега ја нема, како никогаш да не била таму. Дури сега гледате колку сте среќни “, вели Имамовиќ за N1.
Вели дека му е тешко што нема никој. Соседите ги нема. Но и покрај се, тој планира да остане во Јабланица.
Регион
Поплави и одрони во Босна и Херцеговина: Потрагата по исчезнатите продолжува
Потрагата по исчезнати лица во поплави и свлечишта продолжи денеска на подрачјето на Бутуровиќ Поле и други места во сливот на реката Неретвица, соопшти утринава Оперативниот центар за цивилна заштита на Херцеговско-неретванскиот кантон на Босна и Херцеговина, пренесува агенцијата „Фена“.
Според последните податоци за поплави и свлечишта во Коњиќ, Јабланица и Фојница загинале најмалку 22 лица.
Целата тешка механизација во моментот е фокусирана на чистење на локалните патишта. Тие ја пробиваат тињата на патиштата, а во исто време во тек се санации на водоводната, електричната и на телефонската мрежа. Лекови, храна, облека, хигиена и сите други неопходни потреби редовно се делат на ранливото население.
Цивилната заштита доцна во вторникот издаде наредба за итна евакуација на загрозените области Коњица и Јабланица. До 3.43 часот евакуирани се 330 лица.