Регион
Турција ја прославува 89-годишнината од прогласувањето на Републиката

Во понеделникот Република Турција ја прославува 89-годишнината од прогласувањето на Републиката, кое свечено се одбележува низ целата земја, како и во дипломатските претставништва во странство и во Турската Република Северен Кипар, пренесува Anadolu Agency.
Турскиот претседател Албдула Ѓул ја предводел делегацијата којашто го посети мавзолејот на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк во главниот Анкара. Со полагање венци и потпишување во Книгата на сеќавање на Ататурк, започна во Турција традиционалното одбележување на 29-ти октомври, Денот на Републиката.
„Денеска се наоѓаме во мавзолејот посветен на Вас, кои ја основавте Република Турција, прославувајќи ја 89-годишнината од нејзиното основање. Денес сме сведоци на напредокот на полето на демократијата, економијата и другите спроведени реформи на коишто сме горди, напишал претседателот Абдула Ѓул во Книгата спомени на Ататурк.
Церемонијата во текот на денот е продолжена со свечено дефиле на припадниците на турските вооружени сили пред мавзолејот на Ататурк, на која присуствуваше и премиерот Реџеп Таип Ердоган и други високи државни и воени функционери./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Политичката волја на Србија е да биде на европскиот пат; Разбирам што мисли ЕУ за моето патување во Москва

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, го пречека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Палатата на Србија.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека никого не довел во заблуда со тоа дали ќе оди на прославата на Денот на победата во Москва.
„Србија, како што рече Кошта, секогаш е на европскиот пат и, како што рече, можеби има непослушен претседател, но тој претседател никогаш не го довел во прашање тој пат“, рече Вучиќ на прес-конференција.
„Многу сум среќен што имав можност да разговарам со претседателот на Европскиот совет и сум задоволен од содржината на нашите разговори. Му благодарам на претседателот Кошта за посетата на Србија, за тоа што донесе добра волја во разговорите за пристапување на Србија во Европската унија“, рече Вучиќ на почетокот од своето обраќање.
Тој зборуваше и за дијалогот меѓу Белград и Приштина.
„Реков дека Србија е секогаш подготвена за разговори, дека никогаш не сме бегале од дијалог“, нагласи тој.
„Разговаравме и за неопходноста од спроведување реформи во нашата земја. ЕУ е најважниот партнер за нас. Имаме најголем обем на размена со ЕУ. Нашиот извоз е 52 проценти од Западен Балкан. Важно е што 4 од 10-те најголеми извозници од нашата земја се инвеститори од ЕУ“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека со Кошта разговарал и за неговата посета на Москва.
„Добро знам и разбирам што мисли ЕУ за моето патување во Москва, што чувствуваат тие. Мислам дека е исклучително важно да повторам каква е политичката волја на Србија, а тоа е Србија да биде на европскиот пат, да го отвори Кластер 3 што е можно поскоро. Атмосферата не е толку добра поради патувањето во Москва. Верувам дека ќе има разбирање во Европа, напредок базиран на заслуги“, рече Вучиќ.
„Верувам дека ќе можеме да добиеме зелено светло. На секое место, и јас отсекогаш сум велел, дека сегашноста и иднината на Србија припаѓаат на соработката и членството во ЕУ. Многу добро ги разбирам нивните приговори дека не воведовме санкции врз Русија. Од самиот почеток, Србија стоеше на принципи, почитувајќи ја Повелбата на ОН“, рече Вучиќ.
„Се надевам дека ќе го завршам мојот мандат како претседател на Републиката, така што Србија ќе биде поблиску на патот кон ЕУ“, рече претседателот на Србија.
„Не е мое да слушам, туку да му служам на народот, јас сум претседател на Србија. Ја најавив мојата посета на Москва и никогаш не излажав, „непослушниот“ претседател никогаш не го доведе во прашање европскиот пат на Србија“, рече Вучиќ.
„Јас сум претседател на Србија и морам да се грижам за патот на нашата земја. Морам да ги замолам сите државни органи да работат на европскиот пат. Да се натпреваруваме во таа позитивна смисла“, додаде Вучиќ.
Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.