Регион
Турција протестираше по грчката промоција на книга на водачот на ПКК
Турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу телефонски го повикал својот грчки колега, Димитрис Аврамопулос, протестирајќи поради промоцијата на книгата на водачот на сепаратистичката Курдистанска работничка партија (PKK).
Како што соопшти турското министерство за надворешни работи известувајќи за телефонскиот разговор меѓу шефовите на двете соседни земји, од грчка страна било одговорено дека тие немале сознанија за промоција на книгата, како и дека организаторите ќе бидат казнети.
Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу ја нарече промоцијата „исклучително непријатен настан“ во борбата против тероризмот.
Во своето соопштение, портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи, Григорис Делавекурас, изјави дека претставувањето на книгата на Мурат Карајилан во државниот Воен музеј во Атина не било одобрено од страна на грчката влада.
„Вчера поединци организирале промоција на книгата на член на PKK изнајмувајќи ја салата во Воениот музеј, за што одговорните лица не знаеле. Министерството за одбрана спроведе истрага и ги повика на одговорност (виновниците). Овој настан нема никаква врска со грчката влада и е во спротивност со нашата силна определба против тероризмот“, се вели во изјавата на портпаролот на грчкото МНР.
Меѓу Турција и Грција со децении остануваат сериозни политички разлики, иако односите меѓу двете земји се значително подобрени во последниве години.
Курдското сепаратистичко движење PKK е во вооружен конфликт со турските власти речиси 30 години, барајќи независност за областите на Турција каде што доминира курдското население. Оваа организација е на листата терористички организациии во Турција каде што одамна е забрането нејзиното дејствување и како политичка партија, и во ЕУ и во САД.
Еден од главните конфликти од минатото меѓу Грција и Турција, се настаните околу апсењето на поранешниот водач на PKK, Абдула Оџалан, кој во 1999 година пристигна во Грција, а потоа беше испратен во грчката амбасада во Кенија, но беше уапсен на патот од аеродромот кон Најроби од страна на турските безбедносни сили. Оџалан во Турција осуден на смрт, а подоцна по реакциите на меѓународната заедница, казната му е заменета со доживотен затвор./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

