Регион
Во Бугарија референдум за нуклеарката Белене

Во Бугарија во недела се спроведува референдум за изградбата на нуклеарната централа Белене, проект од кој се откажа актуелната влада на партијата ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов.
Нуклеарната електрична централа требаше да ја гради руската компанија „Атомстројескпорт“ со која договорот во 2008 година го потпиша тогашната социјалистичка влада. Актуелната влада на премиерот Бојко Борусов се откажа од проектот откако градењето веќе беше започнато, тврдејќи дека станува збор за прескап проект.
Изградбата на втората нуклеарна електрана е во застој поради несогласувањата помеѓу Бугарија и Русија, чија фирма „Атомстројекспорт“ требаше да ја гради нуклеарката со капацитет од 2.000 мегавати, Недоразбирањата настанаа поради конечната цена на проектот, која требаше да изнесува помеѓу шест и 11 милијарди евра.
Со цел да пронајде нов инвеститор, бугарскиот премиер Бојко Борисов го раскина договорот со руската фирма, која за надокнада на штета се обрати до Меѓународниот суд за арбитража во Париз и побара обештетување од 1,3 милијарди евра.
Градењето на нуклеарката го поддржуваат опозициските социјалисти и десницата, тврдејќи дека со тоа ќе се создадат нови работни места, поевтина електрична енергија и ќе придонесе за бугарската енергетска независност.
Станува збор за прв референдум во историјата на посткомунистичка Бугарија. Неопходен одѕив на гласачите од 60 плус еден избирач за да биде валиден, а според анкетите таква излезност не се очекува.
Овој референдум, исто така, се смета и за теста за политичките партии пред парламентарните избори коишто ќе се одржат во јули годинава./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.