Контакт

Регион

Исламистите во Турција ранија човек во името на ‘моралните закони'

Објавено пред

Едно лице е повредено во саботата во Анкара во напад на исламистичка група во името на одбраната на „моралните закони“, пишуваат во неделата турските медиуми.

Повеќе од двесте лица, повеќето млади, се собрале на една метро станица во центарот на турската престолнина Анкара протестирајќи и осудувајќи ги претставниците на локалните власти кои се водени од владејачката исламистичка Партија на правдата и развојот на премиерот Реџеп Таип Ердоган, кои интервенирале во името на „моралните закони“ против една двојка која се бакнувала на улица, пишува весникот Hurriyet.

Кога демонстрантите почнале да разменуваат бакнежи меѓу себе во знак на поддршка на младата двојка, група до триесетина лица почнале да викаат „Алаху Акбар“ (Господ е голем) и ги нападнала демонстрантите со ножеви и покрај присуството на полицијата и ранила едно лие кое било хоспитализирано.

Напаѓачите, според весникот, биле припадници на владејачката партија AKP кои започнале контра-протест против демонстрантите.

Протестот со бакнежи беше прв од овој вид во турската железничка мрежа против огласите поставени минатата седмица поставени во подземната железница во Анкара со кој на патниците им се наложува „да се однесуваат согласно моралните закони“.

Официјални претставници на метрото во Анкара, изјавиле дека прогласот бил поставен бидејќи на снимките од видеокамерите се забележувале млади лица кои „несоодветно се однесувале“./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Рама: „Отворен Балкан“ не е српска игра

Објавено пред

Албанскиот премиер Еди Рама денеска повторно ја критикува Приштина дека не се приклучила на иницијативата „Отворен Балкан“ оценувајќи ја нејзината одлука како избрзана, пренесуваат медиумите во регионот.

Тој во парламентот изјавил дека Србија треба да ѝ се извини на Приштина за наводните воени злосторства, но исто така оценил дека претстои долг пат и дека е важно да се има предвид перспективата, а не политичката борба, објавија албанските портали.

Во изјавата според написите на медиумите тој кажал дека „Отворен Балкан не е српска игра“, туку „дете на Берлинскиот процес“.

„Земјите од регионот влегуваат во нов процес преку ‘Отворен Балкан’. Земјите учат, практикуваат, се соочуваат со тешкотии, така што кога ќе влезат во ЕУ, може да извлечат одредени заклучоци“, изјавил Рама.

„Заинтересирани сме колку ќе добие Косово во соработка со Албанија“, изјавил Рама додавајќи дека доколку албанскиот народ не се претстави како народ посветен на мирот, предодреден е да загуби.

Прикажи повеќе...

Европа

Јанша за протестите против ковид-мерките: Нема да се откажеме

Објавено пред

По синоќешниот протест во Љубљана, на кој илјадници граѓани побараа укинување на епидемиолошките мерки и предвремени избори, се огласи и премиерот на Словенија, Јанез Јанша.

„Насилството на улица никогаш не носи ништо добро. Полицијата е должна да дејствува во согласност со законот. Владата нема да попушти пред секој притисок. Ќе се инсистира на спроведување на мерките за заштита на здравјето и животот на луѓето“, напиша Јанша на својот твитер-профил.

Имено, протестот стана насилен кога насобраната маса почна да пали факели, на што полицијата реагира со водни топови и димни бомби.

Прикажи повеќе...

Регион

Стефан Јанев на чело на привремената бугарска влада

Објавено пред

Бугарскиот претседател Румен Радев го назначи актуелниот привремен премиер Стефан Јанев да ја предводи новата привремена влада.

Вчера, Радев ги распиша предвремените парламентарни избори, што треба да се одржат на 14 ноември.

Радев ќе ја претстави новата влада подоцна денеска.

Новите избори се одржуваат по неуспешните обиди на партиите по изборите во април и јули да формираат влада.

Радев ќе се кандидира за реизбор на претседателските избори, кои ќе се одржат истиот ден со парламентарните избори.

Привремениот кабинет на Јанев доби популарност кога откри дека претходната влада на Бојко Борисов потрошила милијарди лева од даноците на граѓаните за контроверзни инфраструктурни проекти.

Според „Ројтерс“, двајцата најпопуларни членови на владата, министерот за економија Кирил Петков и министерот за финансии Асен Василев, нема да бидат во новиот кабинет бидејќи се очекува набргу да формираат своја политичка партија.

Радев го назначи Валериј Белчев за привремен министер за финансии.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Регистрирани 557 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во последните 24 часа се направени 3.885 тестирањa, а регистрирани се 557 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 268, Куманово...

Македонија15 часа

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Македонија19 часа

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Свет19 часа

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време...

Македонија19 часа

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од...

Свет21 час

Француската војска уби лидер на ИСИС

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека припадниците на француската војска го убиле водачот на Исламската држава во Сахара, Аднан Абу...

Македонија21 час

Во соработка на македонската и германската полиција запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Во Германија е запленета марихуана вредна над 100.000 евра во заедничка акција на полициите на Македонија и Германија, соопшти МВР....

Регион1 ден

(Видео) Протести против ковид – мерките во Љубљана: полицијата употреби солзавец и водени топови

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера противниците на мерките во борбата против коронавирусот кои вечерва се...

Македонија1 ден

(Видео) Уште 44 бегалци од Авганистан пристигнаа во Македонија

На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево пристигнаа уште 44 бегалци од Авганистан. Од Владата соопштија дека станува збор за активисти...

Топ2 дена

Кривична пријава за жена од Дебар, го тепала нејзиниот осумгодишен син и го терала да питачи

Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишна жена од Дебар која физички го малтретирала нејзиниот син и го терала да питачи....

Европа2 дена

Шведскиот модел сепак успешен – без строги мерки до нула починати

Рекорден број заразени и починати од Ковид-19 во Европа, а во Шведска нула починти. Оваа европска земја беше ставена на...

Топ2 дена

(Видео) Откриени две илегални лаборатории за производство на марихуана во Скопје

Вчера, полициски службеници од одделот за крим-полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и полициски службеници...

Македонија2 дена

Заев: Демократијата е двонасочен дијалог меѓу граѓаните во општеството, ние ја градиме на еднаквоста на сите

Демократијата доаѓа од народот за да му служи на народот, напиша, меѓу другото, премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил по...

Европа2 дена

Меркел од Албанија: Кој и да биде нов германски канцелар, ќе го задржи интересот за овој регион

Германската канцеларка, Ангела Меркел, на средбите во Тирана го потврди интересот на Германија за земјите од Западен Балкан. „Без оглед...

Свет2 дена

Тепачки и расправии – внатрешни конфликти за новата влада го разнишаа талибанското раководство во Авганистан

На врвот на талибанското движење дошло до голем внатрешен конфликт за составот на новата влада. Конфликтот помеѓу коосновачот на талибанското...

Европа2 дена

Борел: Русија сака да нѐ подели, не им е грижа за Европската Унија

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, тврди дека Русија сака да ја подели Европската Унија преговарајќи само со одредени членки,...

Свет2 дена

Северна Кореја лансира две балистички ракети

Северна Кореја лансирала две балистички ракети во морето, тврди Генералштабот на Јужна Кореја. Јапонската крајбрежна стража исто така соопшти дека...

Регион2 дена

Два земјотреса утрово во Албанија, почувствувани и во Црна Гора

Два земјотреса, од кои едниот над 4 степени според Рихтеровата скала, ја погодија граничната област меѓу Црна Гора и Албанија...

Македонија2 дена

Во Солун конференција за Западен Балкан и европската иднина

Во Солун, Грција, денеска ќе се одржи конференција на тема „Западен Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“. По покана...

Македонија2 дена

Средношколците во Тетово и Гостивар продолжуваат со онлајн настава

Владата донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн до 20 септември...

Досие